Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

22.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

More
    домаАгро ВестиПочна извозот на украинска пченка

    Почна извозот на украинска пченка

    petel baner

    Извозот на украинска пченка по два месеци стагнација се одвива по алтернативен пат, а нејзината дестинација не е откриена.

    По повеќе од два месеци војна во Украина, пченката за прв пат беше транспортирана од таа земја, соопшти Ukrlandfarming, компанија која товари и продава жито. Товар со големина на Панамакс (најголемата димензија на брод што може да помине низ Панамскиот канал) беше натоварен во романското пристаниште Констанца. Според најавата на компанијата, бродот требаше да исплови на крајот на 28 април. 

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Неговата дестинација не е откриена.

    Компанијата информираше дека бродот бил натоварен и продаден на база на ФОБ (цената што всушност се наплаќа на пристаништето за утовар). Пченката била испорачана во Романија со железница, а потоа во пристаништето започнало товарењето на 71,2 милиони тони од тоа жито.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Извозот на стоки од украинските пристаништа на Црното Море е стопиран од почетокот на конфликтот. Тоа беше причина да се бараат алтернативни патишта за испорака. Една од можностите беше железничкиот транспорт. Сепак, овој вид на продажба на украински стоки е ограничен на 450.000-700.000 тони месечно. Тоа претставува незначителен дел од количините што вообичаено минувале низ пристаништата на Црното Море според пазарните извори. Тогаш непречено се доставуваа од 5 до 6 милиони тони месечно.

    Имено, на железниците им недостигаат наменски вагони. Дополнителен проблем е малиот број гранични премини преку кои може да се врши извоз со земјите од Европската унија, особено со Полска и Романија. Друга голема пречка е фактот што поради различните широчини на пругата, стоката мора повторно да се товари во соодветни вагони.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img