Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

26.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаситеСируп од коприва за чистење на крвта

    Сируп од коприва за чистење на крвта

    petel baner

    Традиционално, сируп од коприва се користи за чистење на крвта, но е и вкусен и освежителен пијалок ако го помешате со минерална вода и малку мраз.

    Овој сируп е добар и против ревматизам и артритис, а бидејќи копривата содржи многу железо, се користи и во борбата против анемија.

    Otkup na kompiri

    Го пијат дури и оние кои имаат астма и проблеми со кожата. Исто така, се верува дека спречува респираторни и уринарни проблеми, како и губење на косата. Не мора секогаш да го разредувате со вода, а можете да го прелиете и врз палачинките.

    Ви пренесуваме два рецепта – едниот прилично едноставен, а другиот во комбинација со лимон и мед.

    Наједноставен сируп од коприва

    Потребно:

    1 кг млади листови коприва,
    2,5 литри вода
    малку природен засладувач по желба.

    Измијте ги и исцедете ги листовите од коприва, а потоа натопете ги во вода и варете ги на средна температура околу еден час, додавајќи зовриена вода. Процедете и додадете засладувач додека целосно не се стопи (медот не се готви). Добиениот сируп истурете го во стаклени шишиња и добро затворете. (Можете да додадете и листови рибизла на листовите од коприва во сооднос 1:1).

    Малку поинаков рецепт: коприва, мед и лимон

    Подгответе:

    околу 400 гр свежи листови млади коприва,
    сок од 6 големи лимони,
    засладувач по желба,
    5 лажици мед,
    1 литар вода.

    Измијте ги и исечкајте ги копривите. Истурете вода во тенџерето и ставете го засладувачот. Ставете го на шпорет со повремено мешање (кога ќе зоврие оставете да се крчка 5 минути). Ако на површината се појави пена, отстранете ја со лажица.

    Во керамички сад ставете ги копривите и прелијте ги со шеќерниот сируп. Покријте со чинија и притиснете со тешка чаша или тегла. Оставете 10 минути. Сега додадете сок од лимон и мед. Со раце исцедете го сокот и одвојте ги копривите. Кога ќе го добиете сирупот, по потреба процедете го во цедалка и работата е готова. Сирупот истурете го во стерилизирани шишиња, затворете го и оставете го на ладно и темно место.

    Сокот за пиење го правите со мешање ¼ чашa сируп со ¾ вода.

    agrounik

    Сирупот може да трае 6 месеци.

    Придобивки:

    • Го стимулира лимфниот систем и го подобрува имунитетот
    • Ги ублажува симптомите на артритис
    • Помага во ослободувањето на урична киселина од зглобовите
    • Помага во функционирањето на надбубрежните жлезди
    • Го зајакнува плодот кај бремени жени
    • Ги уништува цревните паразити
    • Помага во функционирањето на тироидната жлезда, црниот дроб и слезината
    • Го подобрува производството на млеко кај доилките
    • Ги ублажува симптомите на менопауза
    • Ги ублажува менструалните грчеви и надуеноста
    • Помага во разградувањето на камењата во бубрезите
    • Ја намалува хипертензијата
    • Помага при респираторни заболувања
    • Им помага на луѓето кои страдаат од астма
    • Го запира крварењето
    • Го намалува ризикот од рак на простата
    • Елиминира алергиски ринитис
    • Го намалува гадењето
    • Лечи настинка
    • Помага при остеоартритис
    • Ги ублажува дигестивните проблеми, како што е дијареата
    • Го намалува воспалението на непцата кога се користи како средство за плакнење уста
    • Ги намалува воспалителните процеси во телото

    Забелешка

    Доколку користите „разредувачи на крв“, не го пијте овој чај. Имено, чајот од коприва содржи високо ниво на витамин К кој влијае на згрутчувањето на крвта.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ако користите лекови за намалување на крвниот притисок, консумирањето чај од коприва може да го намали на критично ниво.

    Ако користите антидепресиви, избегнувајте да консумирате чај од коприва, бидејќи тоа може да влијае на дехидрација.

    Шолја чај од коприва може да го зголеми ефектот на лековите за дијабетес и да го намали нивото на шеќер до критична точка. Доколку имате терапија која ја користите пред да употребите препарати од коприва, консултирајте се со лекар.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img