Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро советиВи досади од зелена салата? Пет предлози за вашата градина

    Ви досади од зелена салата? Пет предлози за вашата градина

    petel baner

    Дојде пролетта и сакате да се храните поздраво. Сепак, секогаш кога ќе се осмелите да ја спроведете оваа идеја до крај, секогаш се враќате на класичната зелена салата. Време е да ја збогатите вашата градина и вашите трпези со некои поразновидни пролетни видови зеленило. Ви претставуваме пет видови салати кои можете да ги одгледувате и во вашата градина, а кои ќе внесат свежина во вашето мени.

    1. Рукола

    Ова растение има малку горчлив вкус, но е многу здраво за човечкото тело. Семето на рукола се сади во рана пролет или есен.

    Кога разредувате садници, оставете растојание од 10 до 15 см помеѓу секое растение. Растојанието помеѓу редовите треба да биде до 25 см. Руколата можете да ја наберете по 6 до 8 недели.

    2. Бон Чој (кинеско зелје)

    Во светот често се нарекува чој, а кај нас е попозната како кинеска зелка. Припаѓа на семејството на зелки и се карактеризира со долги, тенки и бели стебла и темнозелени листови. Можете да го засадите семето во рана пролет или есен. Постапката за одгледување на ова растение е иста како и за одгледување зелка.

    Најдобро успева на ниски температури. Растојанието помеѓу растенијата треба да биде од 20 до 25 см, а растојанието помеѓу редовите 25 см. При бербата, исечете ја целата главица зелка или само поединечни листови.

    3. Цикорија

    Цикоријата (Cichorium intybus) е одличен избор за правење салати во зимските денови. Таа е повеќегодишно растение. Цвета од јули до септември, а почнува да зрее во август.

    Коренот на цикоријата е највкусен ако се извади наесен. Можете да го исушите коренот, да го сомелете и од него да направите пијалок налик на кафе. Можете да го исечете на парчиња и да го користите за чај. Чајот од цикорија е пред се многу вкусен, но има и лековити својства.

    Се јадат и надземните делови од растението. Цветовите на сината цикорија можат да завршат во салата, а во комбинација, листовите може да се користат како лек во народната медицина.

    Agrobot

    4. Кељ

    Ова растение на салатите им дава разновидни бои, но и големо количество хранливи материи.  Кељот  во сино-зелените или виолетово-зелените листови крие големо количество витамини и минерали кои му се потребни на човечкото тело.

    Семето се сее во рана пролет или доцна на лето, а при разредување се остава растојание до 60 сантиметри помеѓу растенијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    5. Спанаќ

    Спанаќот може да се бере додека листовите му се уште мали (бејби спанаќ), или кога е зрел. Засадете го семето во рана пролет и кон крајот на летото. Расадот се разредува така што растојанието помеѓу растенијата е од 10 до 15 см.

    Спанаќот е богат со витамини и минерали, па како таков е еден од најздравите избори за вашата салата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img