Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаситеГлуварче во исхраната на кокошките

    Глуварче во исхраната на кокошките

    petel baner

    Глуварче – исклучително корисен мал цвет, не само за хранење на кокошки и друга живина, туку и за луѓето. Лековити својства имаат и листот, коренот и цветот. Одвојте време да го соберете и да им го послужите на вашите несилки и тие ќе ви бидат неизмерно благодарни.

    Глуварче како додаток во исхраната на кокошки и патки е многу корисно. Го подобрува нивниот имунитет, квалитетот на јајцата, како и месото. Жолчките ќе добијат поизразена жолта боја, речиси портокалова, а месото ќе биде многу повкусно.

    Agrobot

    Тоа е затоа што глуварчето е одличен извор на калциум, кој, како што знаете, е многу корисен за кокошки – несилки и патки. Како и повеќето плевели, содржи влакна и минерали, како и витамини А, Б, Ц, Е и К. Покрај калциум, глуварчето содржи и значителни количини на железо, магнезиум, фосфор, калиум и цинк.

    Како глуварчето влијае на кокошките?

    • антиинфламаторно,
    • Природен лек против болки,
    • Антиоксиданс,
    • Диуретик, го подобрува здравјето на бубрезите и црниот дроб,
    • Подобрување на варењето,
    • Стимулант за положување,
    • Се произведуваат јајца со портокалова жолчка,
    • Извор на калциум и други витамини и минерали.

    Глуварчето делува како природен детоксикатор на крвта и природен диуретик, а се верува дека редовното хранење помага во контролата на внатрешните паразити во јатото. Исто така, го стимулира дигестивниот систем на кокошките и е одличен додаток во нивната исхрана со цел да го подобри здравјето на цревата. Како „зелено“ задоволство, глуварчето, заедно со други растенија, може да се даде во прилично неограничени количини.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Глуварчето е целосно лековито

    Можете да го ископате заедно со коренот, а можете и да го исечете и да и дадете на кокошката свеж цвет, стебла и листови. Можете и да ги исушите, како што би го правеле за зима, кога нема зеленило и трева. Малите пилиња и патчиња можат да се хранат со сецкан глуварче, бидејќи тоа ќе им ги обезбеди сите хранливи минерали и потребни витамини. Тоа ќе се покаже преку нивниот побрз раст и развој.

    Многу е важно да се берат од површини кои не се обработени со хемиски препарати, за да се зачува здравјето на кокошките.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img