Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаситеТри пролетни напитоци против воспаленија

    Три пролетни напитоци против воспаленија

    petel baner

    Пролетните температури и зголемената физичка активност бараат и редовна хидратација. Ви носиме три пролетни напитоци кои ќе ги обожавате.

    Agrobot

    Иако мислиме дека со првите потопли денови исчезнуваат сите опасности по здравјето, вирусите и бактериите, во голема заблуда сме. Преодниот пролетен период е најризичен за создавање на воспалителни процеси во организмот. Овие воспалителни процеси можат да бидат предизвикани од различни фактори, но што и да е, природните препарати можат да им стават крај.

    Кокосова вода со куркума и портокал

    За да го подготвите овој напиток, потребна ви е една шолја кокосова вода, една кафена лажичка куркума, половина лажичка цеден сок од портокал и една четвртина лажичка бибер. Сите напитоци ставете ги во шолја и убаво измешајте ги. Послужете ги ладни.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Лимонада со ѓумбир и нане

    За да го подготвите овој напиток, потребна ви е една чаша од 200 милилитри вода, сок од половина лимон, неколку листови свежо нане и половина кафена лажичка мелен ѓумбир. Ставете ги во чаша и убаво измешајте, па додајте ги листовите нане. Послужете ладно, по желба додадете неколку коцки мраз доколку сте љубител на освежителни пијалоци.

    Пијалок од Даикон

    За да го подготвите овој напиток потребни ви се три лажици рендана бела даиконска ротквица, една лажица рендан ѓумбир, неколку капки органски сос од тамари и 250 милилитри банча чај (јапонски зелен чај) или вода. Измешајте дајкон, ѓумбир и тамари сос, кога ќе ги измешате прелијте ги со чај од банча или зовриена вода. Сè добро измешајте, па пијте го топло.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img