Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.4 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

More
    домаАгро ВестиМилиони тони жито „заробени“ на украинските пристаништа

    Милиони тони жито „заробени“ на украинските пристаништа

    petel baner

    Украина би можела да загуби десетици милиони тони жито поради руската блокада на нејзините пристаништа во Црното Море. Ова би предизвикало прехранбена криза што ќе ги зафати Европа, Азија и Африка, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, а пренесува Радио Слободна Европа.

    Украина беше четвртиот најголем извозник на житни култури во светот во сезоната 2020/21, продавајќи 44,7 милиони тони во странство, според Меѓународниот совет за житни култури.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Руската инвазија на Украина сериозно ги намали испораките од двете земји, кои заедно сочинуваат околу 25% од светскиот извоз на пченица и 16% од пченката, што доведе до скок на цените на житото на меѓународните пазари.

    Милиони тони жито се заглавени на бродовите во украинските пристаништа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Русија не дозволува бродови ниту да влегуваат, ниту да излегуваат, таа го контролира Црното Море – изјави Зеленски за австралиската информативна програма „60 минути“.

    „Во моментов речиси 4,5 милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа и на бродови и не можат да се користат“, рече Мартин Фрик, директор на Светската програма за храна на ОН во Германија.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img