Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

More
    домаАгро советиСпреј со кромид, лук и бибер за сузбивање на инсекти

    Спреј со кромид, лук и бибер за сузбивање на инсекти

    petel baner

    Постојат голем број на органски препарати кои можат да се користат за заштита на растенијата, но има неколку кои се лесни за подготовка и кои се ефикасни како спреј со кромид, лук и бибер. Овој спреј е создаден со комбинирање на неколку состојки, а најдобро од се е што сите можете да ги најдете во вашата кујна.

    Основните состојки што ви се потребни за да го направите се кромид, лук и бибер . Можете да го користите ова решение превентивно  за да обезбедите максимален принос во вашата градина.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Денес, многу органски производи за заштита на растенијата содржат масло од лук и бибер. При користење на овие препарати треба да се забележи кој од нив  имал најголем успех против одредени видови инсекти. На производителите на органска храна им се препорачува да ги  проверат прописите пред да користат такви препарати.

    Овој производ може да предизвика иритација на кожата, затоа треба да се избегнува контакт со кожата и очите. Носете гумени ракавици кога го чувате и нанесувате спрејот и внимавајте да не дојде во допир со очите.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Подготовка на спреј со кромид, лук и бибер

    • главица лук ;
    • 1 мал кромид ;
    • 1 лажичка бибер (најдобро е да користите свежо мелен или појак вид);
    • 250 милилитри вода и
    • 1 лажица детергент за миење садови.

    Лукот и кромидот ситно исечкајте ги или сомелете ги. Додадете бибер и вода, па промешајте. Оставете да отстои еден час, додадете детергент за миење садови и добро измешајте. При нанесување на препаратот, погрижете се листовите добро да се испрскаат од двете страни. Смесата можете да ја чувате во фрижидер до една недела.

    Со користење на овој спреј во органско производство, можете да спречите појава на инсекти како што се: гасеници, ларви од пеперутки, златица, инсекти кои го напаѓаат гравот и некои видови вошки.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img