Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаситеВидец - чудотворно растение за проблеми со видот

    Видец – чудотворно растение за проблеми со видот

    petel baner

    Видец е растение кое првенствено е наменето за лекување на очни болести. Чудотворно растение за сите тегоби и проблеми со видот.

    Видец (лат. Euphrasia officinalis), е лековито едногодишно полупаразитно тревно растение од фамилијата Orobanchaceae.

    Ова лековито растение првпат се споменува во 1305 година, како лек за очни болести. Расте во Европа, Северна Америка, како и во Северна и Западна Азија.

    Живеалиште

    Расте на ридско-планински терени, на суви ливади, пасишта. Може да го најдеме и на шумските чистини и пустите површини. Цвета од јуни до октомври, во зависност од надморската височина. По собирањето се суши.

    Изглед

    Има жилав корен во облик на вретено, а стеблото е тревно, тенко, тркалезно, исправено и разгрането. Листовите немаат дршка. Тие влакнести, овални и назабени од двете страни. Плодот е во облик на влакна, со многубројни семки. Цветовите се бели или светло виолетови, со жолти дамки.

    Лековитост

    Видец најчесто се користи во форма на облоги за различни очни болести како што се конјунктивит, воспаление на очните капаци, слаб вид, воспаление на рожницата, прекумерно солзење и блокирање на солзните канали. Овој вид трева содржи: гликозид ринантин, етерично масло, смола, јаглехидрати, витамин Ц и друго. Се користи како антибактериски, антибиотик, антикатарик, антисептик, антигабичен тоник, дигестивен итн. Погоден е за болести како што се конјунктивитис, глауком, иритис, слабост на очите, воспаление на очните капаци. Дејствува против воспаленија (антивоспалително), и како стимуланс во работата на црниот дроб. 

    Agrobot
    Видец

    Употреба

    Чај

    Билен чај може да се подготви за облоги и плакнење на очите. Лажичка суви билки се прелива со 2,5 dl зовриена вода. Се користи исцедено, по 10 минути, со натопување на памучна волна која се става на очните капаци. Чајот може да се користи и за пиење, тој го зајакнува видот. Потребно е да се подготви на ист начин и да се пие три пати на ден, без засладување.

    Капки за очи

    Овде се користи свежо растение од кое се цеди сокот кој се меша со дестилирана вода. За секое око се користат две капки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тинктура

    200 грама сушени растенија се натопуваат во литар 70% алкохол. По 30 дена се филтрира, а се користи со пиење по 10 до 20 капки со малку вода секој ден.

    Против кивавица

    Една кафена лажичка трева прелијте ја со 2,5 дл топла вода, оставете ја пет минути, а потоа додадете половина лажичка сол. Се вшмркува во ноздрите два до три пати на ден.

    Секако заради несакани ефекти најпрво консултирајте се со вашиот лекар или апотекар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img