Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро советиСедум совети за висок принос на јагоди

    Седум совети за висок принос на јагоди

    petel baner

    Без разлика дали одгледувате само една леа, или цело поле со јагоди, треба да го знаете и примените ова доколку сакате висок принос. Еве седум совети на кои што треба да обрнете внимание.

    1. Мулчот е ПРВО златно правило!

    Јагодите сакаат пропустлива почва, но и корените да не останат суви. Бидејќи растат веднаш над површината на земјата, тие се склони кон гниење. Затоа, околу овие убавици ставете слама. Ќе ги заштити јагодите од инсекти и гнење, но ќе ја зачува и влажноста на почвата. Јагодите ќе растат и созреваат, а вие ќе берете чисти и неоштетени плодови.

    2. НИКОГАШ не ја полевајте крошната на растението

    Најдобро би било доколку сте во можност да ги наводнувате јагодите со систем „капка по капка“. Ако не можете да го направите тоа, ставете го цревото директно на земја, дозволувајќи му на коренот да „впие“, но не и на листовите. Во спротивно, ризикувате вашите растенија да добијат дамки на листовите, и тие да се исушат.

    3. Нега на јагоди

    Ако сакате добар принос, треба да работите напорно. Ништо нема да се случи само од себе. Јагодите редовно окопувајте ги, проверете ја почвата, сечете ги старите и суви листови, берете ги плодовите, и полевајте ги корените… Само така ќе го добиете најдобриот принос на јагоди.

    4. Ѓубрење

    Јагодите сакаат азот. Наводнувајте ги со ѓубриво збогатено со азот, но само во доцна есен и рана пролет

    Ѓубривото е одлично за јагодите. Едноставно „фрлете“ го на јагодите, уште пред да почнат да цветаат и гледајте како напредуваат.

    Agrobot

    5. Исечете им ги „мустаќите“

    Кога на јагодата ќе никнат „мустаќи“ или тенки стебла кои растат на површината на земјата, тоа значи дека се „шири“ и на тој начин ја губи енергијата потребна за цветање. Едноставно со остар нож отсечете и ги „мустаќите“. Оставете само пар од оние од кои сакате нови садници, бидејќи на крајот од тие мустаќи ќе се појави нов расад од јагоди. На овој начин можете лесно да ги пресадите во нови леи.

    6. Потсекување

    Кога ќе заврши сезоната на цветање и раѓање, кога ќе ги берете јагодите, исечете ги старите листови и не жалете. Ова ќе го зајакне коренот и ќе го подготви да ја преживее зимата. Се што треба да направите е да исечете што повеќе листови, поблиску до земјата и да ја оставите само крошната. Наредете го ѓубривото помеѓу јагодите и ќе завршите со нив до следната пролет.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    7. Јагодите се големи преселници

    Ако ги оставите на истото место подолго, тие ќе произведуваат сè помалку бобинки и ќе бидат бескорисни. Затоа, јагодите треба да се „просејуваат“ во градината на секои 4 години. Можете да го направите ова едноставно: кога на јагодата ќе пушти лентичка или мустаќи, на крајот ќе се развие ново растение, ќе го префрлите на ново место. Ова е процес кој едноставно мора да се следи доколку сакате да имате високи приноси од јагоди.

    Се надеваме дека овие седум совети ќе им бидат од полза на почетниците во одгледувањето на јагоди.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img