Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиАприл забележа благ пад на светските цени на храната

    Април забележа благ пад на светските цени на храната

    petel baner

    Светските цени на храната забележаа благ пад во април по големиот скок минатиот месец. Ова се должи пред се поради благото намалување на цената на растителните масла и житарките, објави ФАО.

    Индексот на цените на храната на ФАО беше во просек 158,5 поени во април 2022 година. Тоа е пад од 0,8 отсто од највисокото ниво во март. Овој индекс, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на храната, остана за 29,8 отсто повисок од април 2021 година.

    Цените на растителното масло во април паднаа за 5,7 отсто. Поради намалената побарувачка имаше пониски цени на палминото, сончогледовото и маслото од соја.

    – Мало намалување на индексот е добредојдено олеснување, особено за земјите со ниски приходи. Но, цените на храната сè уште се блиску до неодамнешните високи. Тензиите на пазарот продолжуваат да се чувствуваат и е голем предизвик за глобалната безбедност на храната кога станува збор на најранливите – изјави главниот економист на ФАО Максимо Тореро Кален.

    Индексот на цените на житарките на ФАО падна за 0,7 поени во април, што влијаеше на три отсто пад на светските цени на пченката. Меѓународните цени на пченицата пораснаа за 0,2 отсто. Првенствено поради силното влијание на континуираната блокада на пристаништата во Украина и загриженоста за условите на земјоделските култури во САД.

    Agrobot

    Повисоките испораки од Индија и извоз од Русија

    Според ФАО, тоа донекаде било ублажено со повисоките испораки од Индија и извозот од Русија, кои биле повисоки од очекуваните.

    Цените на оризот на светскиот пазар, исто така, се зголемија за 2,3 отсто во споредба со март. Цената на шеќерот порасна за 3,3 отсто, поттикната од повисоките цени на етанолот и загриженоста поради бавниот почеток на жетвата во 2022 година во Бразил, најголемиот светски извозник на шеќер.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Индексот на цените на месото на ФАО порасна за 2,2 отсто во однос на претходниот месец. Поставуви нов рекорд, а наспроти тоа, цените на овчо месо во просек беа нешто пониски.

    Млечните производи во април поскапеа за 0,9 отсто, главно путерот, поради зголемената побарувачка поврзана со моменталниот недостиг на сончогледово масло и маргарин.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img