Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаситеДали сте знаеле што можете да направите со кора од портокал?

    Дали сте знаеле што можете да направите со кора од портокал?

    petel baner

    Јадливиот дел од портокалите се сочни вреќи кои се полни со витамини, додека кората од ова јужно овошје најчесто се фрла, иако може да се користи и за разни намени. Подолу можете да дознаете како најдобро да искористите кора од портокал.

    Кора од портокал содржи многу витамини, влакна, есенцијални масла и многу други состојки. Има и состојки кои го зајакнуваат имунитетот.

    Го зајакнува имунитетот, лечи настинка и ги чисти белите дробови

    Витаминот Ц, кој се наоѓа овде, а е од природен извор, ќе ги избрка настинките од вашето тело и ќе го подигне имунитетот. Покрај тоа, го стимулира варењето и добро го отвора апетитот. Кора од портокал е одлична и за чистење на дишните патишта, против кашлица и секрет. Позитивно делува на чистење на белите дробови, а одлична е и во вид на антиалергиско „средство“.

    Пилинг за тело и лице

    Исушете ја на сонце или на ниска температура во рерна и сомелете ја во блендер или во мелница за кафе. Измешајте ја со брашно од наут и искористете ја како одличен пилинг за тело и лице.

    За убава коса

    Оставете ја кората од портокал малку да се впие во јаболков оцет, а потоа исплакнете ја косата со препаратот за да остане здрава, сјајна и мека.

    Agrobot

    Ги смирува и опушта нервите

    Етеричното масло од кората се користи во арома терапијата, исто така го подигнува расположението и ги смирува нервите.

    За лекување мигрена

    Сварете ја кората од портокал во вода и оставете ја 10 минути. Пијте го како чај и мигрената ќе исчезне.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Белеење на заби и свеж здив

    Доколку барате идеален третман за избелување на забите, тогаш сте на вистинското место. Едноставно истријте ги забите со кора од портокал, правете го тоа секој ден и забите многу брзо ќе ви бидат многу благодарни. Џвакајте кора од портокал за да го освежите вашиотздив.

    Го штити срцето

    Поради тоа што содржи неколку многу корисни антиоксиданси, кората од портокал го штити срцето така што го намалува крвниот притисок, што е една од најчестите причини за срцеви заболувања. Покрај тоа, ќе ве заштити од други кардиоваскуларни заболувања.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img