Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро советиНачин и време на сеење боранија

    Начин и време на сеење боранија

    Сеење боранија – Во пролет, боранија се сее кога ќе помине опасноста од рани мразови и ќе се загрее доволно почвата.

    Во рамнините, раната пролетна сеидба започнува во средината на април и се до почетокот на мај. Во јужните предели веќе на почетокот на април. Сеидбата не треба да се врши пред температурата на почвата на длабочина од 10 cm да не опстои на 10-12ºC. Во случај на предвремено сеење набабрените семиња поради недостаток на топлина лесно се оштетуваат.

    Во производството на боранија на големи површини за индустриска преработка, со примена на машинска берба, неопходна е добро програмирана, етапна сеидба. За да се обезбеди постепено созревање и ритмичко снабдување на преработувачката индустрија, како и рационално користење на комбајнот за берба, сеидбата се врши на секои 10 дена, почнувајќи од втората половина на април до средината на јули.

    Приноси

    Највисоки приноси се постигнуваат од пораното сеење боранија (до средината на мај). Најмали од сеидбите извршени во периодот од крајот на мај до крајот на јули. Во тој случај, фазата на цветање и формирање на мешунки се поклопува со периодот на високи температури и премногу сув воздух.

    Ниските сорти се сеат во редови на растојание меѓу редовите од 50-60 cm. Растојанието помеѓу растенијата во редот е 5-6 cm. Бујните сорти се сеат поретко. Ако културата се наводнува или почвата е многу плодна, растат посилни растенија, а сеидбата е поретка. Густите култури даваат повисоки приноси. Густината на културите за механичка берба е регулирана со количината на семиња по единица површина во зависност од работните карактеристики на комбајнот и се движи од 90-140 kg/ha. Се сее на длабочина од 3-6 см. На полесни почви подлабоко (4-6 см), а на потешки поплитко (3-4 см).

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Кои се моќни природни афродизијаци
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Биди фраер ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
    spot_img
    spot_img
    spot_img