домаАгро ВестиУкраина ја обвинува Русија дека краде жито, па го продава

Украина ја обвинува Русија дека краде жито, па го продава

Pneumatik baner

Министерството за надворешни работи на Украина и заменик министерот за земјоделство на Украина ја обвинува Русија дека краде жито и се обидува да го продаде на светските пазари. 

Тигар лого гиф

Заменик министерот за земјоделство на Украина ја обвинува Русија дека краде жито и тоа неколку стотици илјади тони. Целото жито е од територијата окупирана од нејзините сили. „Русите користат тактики од почетокот на 20 век за да украдат жито и да го изнесат од Украина“, рече Тарас Висоцки. Изрази загриженост дека Русија би можела да украде поголем дел од 1,5 милиони тони жито во областите кои сега се под нејзина контрола. Русија не ги коментираше наводите.

Семенарна хоризонтален банер

Министерството за надворешни работи на Украина во соопштение наведува дека кражбата на украинското жито е „грабеж“. Ги предупреди земјите што купуваат руско жито дека некои од нејзините пратки може да содржат жито украдено од Украина. Купувањето од Русија ги прави можни соучесници.

petel baner
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Украина проценува дека Русија можеби веќе украла 400.000-500.000 метрички тони жито, кои чинат над 100 милиони долари. Практично сите бродови што заминуваат од Севастопол носат жито украдено од Украина“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Украина ја повика глобалната заедница да ги заостри санкциите кон Русија.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img