Верона, еден од најпосетуваните и најпривлечните градови во Италија, ќе стане седиште на џиновскиот музеј на вино.
Основачот на музејот, Енрико Корси, на саемот „Винитали“ изјави дека до оваа идеја дошол пред неколку години, при посетата на музејот за виски во Единбург, Шкотска и музејот „Museo del Vino“ и огромниот, сеопфатен музеј „La Cite du Vin“ во Бордо.
– Се прашував зошто не можеме да направиме нешто слично во Италија – рече Корси и додаде:
– Сфатив дека во Италија немаме такво нешто, ако не се набројат неколку приватни иницијативи.
Комплексот MuVin ќе се простира на 20.000 квадратни метри, што ќе вклучува „патека на искуството“. Ќе ги однесе посетителите на патување низ историјата на виното. Неговото влијание врз културата, методите на производство и низ споредување и поврзување со храната. Музејот ќе вклучува и дегустации, курсеви и многу други активности и содржини.
– Јасно е дека овој музеј на вино ќе зависи од веќе постоечкиот прилив на посетители кои секоја година ги посетуваат езерото Гарда и Верона. Ова ќе биде најголемиот италијански вински музеј и главен центар на винскиот туризам. Ќе развива меѓународни амбиции – рече Корси, кој најави и дека музејот чија изградба ќе чини најмалку 50 милиони евра, ќе биде отворен во 2026 година, кога во Италија ќе е одржуваат Зимските олимписки игри.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.