Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеБлитва - дали е тоа најздравиот зеленчук?

    Блитва – дали е тоа најздравиот зеленчук?

    petel baner

    Блитва, речиси и да нема витамини или минерали кои не се во помала или поголема мера содржани во овој зеленчук, што го прави еден од најздравите на светот.

    Блитвата е темнозелен лиснат зеленчук. Потекнува од Медитеранот, а денес е чест гостин во градините ширум светот.

    Otkup na kompiri

    Многу ценета уште од античко време, за што сведочат записите на Аристотел од четвртиот век п.н.е. Уште во времето на старите Грци и Римјани, биле препознаени неговите лековити моќи и се сметало за чудесно растение.

    Енергетска и хранлива вредност

    Блитвата во листовите крие многу хранливи материи, поради што се смета за навистина моќна храна. Речиси и да нема витамини или минерали кои не се во помала или поголема мера содржани во овој зеленчук.

    Според експертите, во блитвата има околу 13 различни антиоксиданси, од кои се издвојуваат алфа и бета-каротен, лутеин, зеаксантин и холин.

    Тој е еден од најздравите видови на лиснат зеленчук, нема голема енергетска вредност но има одлична комбинација на витамини и минерали, фитонутриенти и диетални влакна.

    Многу е корисна за зголемување на имунитетот и е добар диуретик.

    Карактеристични состојки на блитвата се лутеинот и зеаксантинот, кои често се нарекуваат „витамини за очи“. Освен што го зачувува видот, лутеинот обезбедува заштита на кожата од УВ зраците. Анализите покажаа дека лицето содржи највисоки концентрации на лутеин во однос на целото тело, бидејќи е највисоко и изложено на сонце.

    agrounik

    Блитвата обезбедува хранливи материи кои можат да го регулираат високиот крвен притисок и благотворно делуваат на кардиоваскуларниот систем, ги намалуваат штетните ефекти на слободните радикали врз многу органи во телото и имаат антиинфламаторно дејство, ги ублажуваат грчевите во мускулите и мигрената.

    Има висока содржина на витамин Ц и бета-каротен и изобилство на минерални соли. Блитвата содржи и големи количини на витамини Б1, Б2, како и калиум, магнезиум, манган, железо, калциум и други важни состојки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Има и завидна количина на јаглехидрати, протеини, целулоза и растителни масла. Целулозните влакна се важни бидејќи го врзуваат вишокот вода и токсичните состојки. Јаглехидратите се важни за мозокот и нервниот систем.

    Се верува дека редовното консумирање може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест

    Покрај тоа, ја подобрува крвта, ги зајакнува коските и ја штити целата слузница на телото. Со конзумирање на блитвата во организмот се внесуваат значителни количини на витамин К, кој го запира дејството на клетките кои ги уништуваат коските, а со тоа го намалува ризикот од остеопороза. Витаминот К се претвора во варењето во форма на витамин кој го активира главниот протеин во коските.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img