Светски ден на пчелите – Денешниот ден 20 мај кој се одбележува како Светскиот ден на пчелата.
Пчелари радувајте се и чувајте ги вашите пчелки.
Пчелата е најголем пријател на Земјоделците.
Пчеларството во последните години се повеќе привлекува млади луѓе кои што се одлучуваат да почнат да се занимаваат со одгледување на пчели и производство на мед и пчелни производи.
Во светот постојат девет видови медоносни пчели. Тука треба да се додадат и 30.000 видови диви пчели.
Така да овој ден е и за дивите пчели не само за питомите бидеќи сите пчелки се важни.
Пчелари да ве потсетиме дека во тек е пријавувањето на бројната состојба на пчелните друштва. Немојте да го пропуштите рокот за пријавување за субвенции.
Електронски да поднесеме барање за субвенции со притискање ОВДЕ
Зачетникот на модерното пчеларство е словенецот Антон Јанша кој е роден на 20 мај 1974 година во Словенија.
Во негова чест тој ден во 2018 година е прогласен за Светски ден на пчелите.
Виена е европската престолнина на пчелите.
Според истражувањата од 2015 година, во Виена живеат вкупно 456 различни видови пчели. Тоа е исклучителен биодиверзитет во една од најстарите метрополи во светот.
А богами во последно време и кај нас почнаа луѓето по градовите да чуваат пчели.
Еве по наше слободно мислење можеби грешиме можеби во Скопје има околу 5000 пчелни семејства ако не и повеќе.
Светски ден на пчелите
Како и да е ПЧЕЛКИ да сте ни живи и здрави и долговечни.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.