Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаАгро ВестиМилиони скакулци ја пустошат Сардинија

    Милиони скакулци ја пустошат Сардинија

    Милиони скакулци ја пустошат Сардинија и нема храна за стоката. Земјоделците се разочарани бидејќи не добиле ниту евро за да ја надоместат штетата од минатата година.

    Италијанскиот остров Сардинија се соочува со инвазија на скакулци. Годинава тие се појавија еден месец порано и буквално ги голтаат посевите во провинцијата Нуоро каде се уништени 25.000 хектари посеви, а епицентарот на феноменот е во соседна Отана.

    Колдирети, здружение на земјоделци, алармира за зголемувањето на бројот на скакулци кои зафаќаат 25.000 хектари земјиште во Сардинија. Бидејќи се работи за полифагни штетници, погодени се сите култури: бавчи, зеленчукови градини, овошни насади. Зад нив остануваат опустошените области, а повеќемесечната работа на земјоделците исчезнува. Штетата ја направија на бројни фарми и производители на добиточна храна, а во текот на нивниот напредок предизвикаа вистинска биолошка катастрофа. Поради нив сточарите мораат да купуваат скапа сточна храна, бидејќи се што посеале е уништено. 

    Леонардо Салис, претседател на единицата Coldiretti Nuoro, изјави за Guardian дека посевите се целосно уништени. Три години предупредувања , поплаки и предлози до надлежните за справување со инсектите, ништо не е преземено и се уште се зборува за инвазија.

    Ниту едно евро за надомест на штетата

    Земјоделците се разочарани бидејќи не добиле ниту евро за да ја надоместат штетата од минатата година.

    Габриела Мургија, советник за земјоделство на островот, рече дека работната група за борба против скакулците заедно со работниците од шумарството ги идентификува најтешко погодените области и ги забрзува нивните операции за контрола. Таа апелираше на максимална соработка меѓу земјоделците и другите засегнати.

    Кристијан Солинас, претседателот на Сардинија, рече дека рацијата опустошила села во регионот Нуоро и нагласи дека е потребна компензација за да им се овозможи на земјоделците да се справат со големиот пад на нивните приходи.

    Новата инвазија дојде неколку дена откако регионалните власти одобрија два милиони евра компензација на земјоделците чии посеви беа оштетени од инсекти во 2021 година.

    Предлог мерки за контрола

    Климатските услови овозможија овие инсекти да се размножуваат. Благите зими и температурите за 0,5ºC повисоки од просекот го помогнаа опстанокот на голем број ларви и легла.

    Биолошките методи се најефикасни во борбата против овие инсекти . Здружението на земјоделци предложи есенско орање со што ќе се уништат голем број легла со јајца на необработени површини. Дополнителен проблем се големиот број на напуштени имоти кои не се обработуваат. Природните непријатели на скакулците исто така можат да го намалат нивниот број. Птиците играат најголема улога.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img