Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

28.8 C
Skopje
Friday, July 1, 2022

More
    домаАгро советиКримлер - сетвоспремач, за што служи и како се користи

    Кримлер – сетвоспремач, за што служи и како се користи

    Најважно при приклучување на сетвоспремачот (кримлер) со тракторот е затегачите да бидат добро прицврстени со цел машината да биде стабилна и цврста при работа.

    Кримлер – претставува економична и квалитетна алатка, првенствено наменета за подготовка на почвата – една од најважните операции во технолошкиот процес на производство на земјоделски култури.

    -Работна зафатнина 1.8 м. до 3.2 м.
    -С – опруги со различен вид на ножеви
    -Носач со два реда ротори
    -Преден рамнач

    Опис на машината

    Сетвоспремачите претставуваат машини кои имаат широка примена во
    земјоделието. Се користат во финалната фаза во обработката на почвата пред сеидба.
    Пожелно е да се користат во услови кога земјата е влажна со цел да се раситни слојот
    каде што треба да падне семето. Во услови на суша нема да се постигне посакуваниот
    ефект со оваа машина. S – опругите навлегуваат во земјата, роторите кои се поставени назад ја мелат земјата за да ја добие неопходната мекост пред сеидба.
    Стандардно прикачување на сетвоспремачот е од задната страна на тракторот.
    Прикачувањето е како и сите приклучоци во три точки категорија I и II.
    Стандардната опрема вклучува: метална конструкција со одреден број S-опруги во
    зависност од големината на сетвоспремачот и еден или два реда ротори (опционално).

    Танспорт на сетвоспремачот (кримлер)

    ОПАСНОСТ:
    Доколку се преносува преку јавни патишта задолжително обезбедете го, и следете ги
    правилата поставени на патот. Сетвоспремачот мора да биде подигнат најмалку 50 цм.
    од земја.
    Доколку се пренесува со камион или со воз потребно е да се проучат техничките
    спецификации.

    Операции пред употреба на машината

    Прикачувањето на кримлер на трактор може да биде многу опасно, затоа
    постапете на следниот начин:

    • Користете трактор чија конфигурација може да ги задоволи потребите на
      сетвоспремачот
    • Уверете се да нема во близина предмети, луѓе и животни и проверете дали е
      погонското вратило исклучено од тракторот.
    • Поставете го тракторот под агол од 90° во однос на сетвоспремачот и со помош
      на хидраулика спуштете го долу, полугите од тракторот на висина на
      приклучните точки на сетвоспремачот и исклучете го тракторот.
    • Прикачете ги полугите од тракторот за рукавците на сетвоспремачот.

    ВАЖНО:
    Редоследот на прикачување за тракторот мора да биде секогаш на ист начин и тоа:
    а) лева долна тракторска полуга
    б) десна долна тракторска полуга
    в) горна тракторска полуга

    • Кренете го сетвоспремачот со помош на хидрауликата на тракторот 10 до 20 цм.
    • Прицврстете ги затегачите.
    • Постепено спуштајте го сетвоспремачот додека не ја допре земјата.
      ВНИМАНИЕ:
      Да не дојде до оштетување на опругите и да не се искршат треба да се ограничи
      брзината на движење на тракторот на 10-12 км/ч.

    Одржување

    Редовни одржувања:

    • Осигурајте го сетвоспремачот од поместување
    • Сервисните операции мора да се повторуваат почесто во услови на работа кои
      се потешки од вообичаените.

    Замена на опруги

    По определен период на користење врвовите на S-опругите отапуваат и неопходна е
    нивна замена. Начинот на замена е со одвртување на два штрафа.
    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
    При замена на дотраените опруги заменете го цел комплет без обзир на
    моменталната состојба на една опруга во однос на друга.

    Чување и складирање на машината

    • Доколку не се користи машината подолго време потребно е да се исчистат сите
      делови кои биле вклучени во работата
    • После чистење цела машина треба да се измие со вода.
    • Затегнете ги сите завртки и навртки кои се наоѓаат на сетвоспремачот
    • Исчистете ги сите зарѓани делови и намачкајте ги со заштитна боја

    За повеќе совети при купување или користење на оваа машина посетете ја страната на следниот ЛИНК, или јавете се на овој БРОЈ

    За повеќе слични корисни стории посетете ја рубриката Механизација, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img