Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиУкраинци со шлемови сеат пченица, а немаат гориво за жетва!

    Украинци со шлемови сеат пченица, а немаат гориво за жетва!

    petel baner

    По завршувањето на пролетна сеидба, понекогаш носејќи панцири и шлемови, украинските земјоделци се исправени пред нов предизвик. Како да најдат доволно дизел гориво за претстојната жетва.

    Војната со Русија го прекина снабдувањето со гориво токму кога земјоделците ја засилија работата за пролетната сезона. Оставајќи околу 85 отсто од испораките од почетокот на конфликтот на 24 февруари, велат земјоделците, дистрибутерите на гориво и аналитичарите.

    Поради војната оваа пролет, вкупната посеана површина со жито ќе биде и до 30% помала од лани. Може да паднат и приносите доколку земјоделците не добијат гориво за да излезат на нивите за навремена примена на агротехничките мерки и жетвата..

    Минатата сезона Украина беше четвртиот најголем извозник на жито во светот. Покрај испораките на пченица и пченка во Африка и Блискиот Исток, украинското жито со една половина учествува во набавката на Светската програма за храна на ОН за итна помош.

    Блокираните пристаништа се глобален проблем

    Бидејќи украинските пристаништа на Црното Море се блокирани, транспортот на земјоделските култури брзо стана глобален проблем. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш се обидува да посредува за постигнување договор за продолжување на испораката на жито и за смирување на глобалните пазари на храна каде што цените достигнаа повеќегодишни највисоки нивоа.

    Во последната земјоделска година, до крајот на јуни 2021 година, Украина извезла 45 милиони тони жито. Таа сума се очекуваше да се зголеми на 65 милиони по рекордната жетва на крајот на минатата година. Сепак, поради војната околу 21 милион тони останаа „заробени“ во силоси на целата територија под контрола на Киев.

    Недостатокот на гориво е дополнителен проблем

    Досега безбедноста беше најважното прашање за земјоделците поради борбите и гранатирањето. Но, со приближувањето на следната реколта, недостигот на гориво станува горлив проблем.

    „Горивото е најголемиот проблем во моментов, поголем од било што“, вели Кес Хјузинг, Холанѓанец кој води фарма за млечни производи и земјоделски култури од 15.000 хектари во централна Украина.

    Во пролетната сезона, украинските земјоделци трошат најголем дел од дизелот. Бројка од околу 1,5 милиони тони што го трошат годишно, што е повеќе од 10 отсто од годишната побарувачка на гориво на Украина.

    Украина главно се потпира на соседните земји

    Украина главно се потпира на Русија, Белорусија и увозот од други делови, кои пристигнуваат по море, за купување гориво. На пример, минатата година повеќе од 60 отсто од дизелот доаѓа од Русија и Белорусија.

    Сега земјата е принудена да започне со скапи и комплицирани начини за испорака на гориво по копно од соседните земји како Полска и Романија. Но, недостатокот на капацитет и бирократија ги забавува тие напори, соопшти Украинската асоцијација за нафта и гас.

    Таа задача стана кошмар затоа што соседните земји и самите се соочуваат со недостиг на дизел. Во исто време, руските напади врз рафинеријата за нафта и складиштето за гориво Кременчук дополнително го намалија снабдувањето во Украина.

    Agrobot

    Недостатокот на возачи на цистерни, исто така, ја отежнува испораката на гориво. Многу од нив се вклучени во борбите, велат аналитичарите.

    Владата во Киев објави договори за увоз на 300.000 тони дизел и 120.000 тони бензин за покривање на потребите во мај. Заменик-шефот на кабинетот на украинското претседателство Кирило Тимошенко минатиот петок изјави дека 1.500 тони гориво пристигнале на царинската точка во Лавов.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тешко е да се предвиди колкав ќе биде ударот кој ќе го има недостигот на гориво врз овогодинешната жетва

    Како и другите воени фактори, тешко е да се предвиди потенцијалното влијание на недостигот на гориво врз растителното производство. Украинската влада не излезе со прогнози за обемот на жетвата.

    Пченицата, пред војната најмногу се сееше како зимска култура. Некои аналитичари условно очекуваат дека поради конфликтот и намалените залихи на ѓубрива и гориво, производството ќе падне за 35-40 отсто од рекордното ниво од 32 милиони тони во 2021 година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img