Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More

    Мулчери

    petel baner

    Мулчери – Во продолжение еден текст кој ги содржи сите информации кои се потребни за машината да се користи исправно и сигурно и добро да се одржува.

    Пред почеток на работа добро проучете го местото на кое ќе работите и тргнете ги сите предмети кои би можеле да сметаат или кои би можеле да доведат до опасност и
    оштетување на машината (камења, парчиња од железо, гранки итн.)
    Пред употреба проверете ја состојбата на машината т.е. внимателно прегледајте го
    составот на роторот со ножевите или чеканите. Носечките завртки да не бидат
    оштетени или истрошени.
    Кога ги менувате ножевите или чеканите променете ги и завртките-носачот, заради
    балансот.
    Забрането е да го извадите, оштетите или одвоите било кој дел од мулчерот.
    Обавезно одделете го мулчерот од тракторот пред почетокот на било какава работа при одржување или при поправка на мулчерот или тракторот.
    Забрането е да се стои помеѓу тракторот и мулчерот додека тракторот работи.
    Обавезно при почетокот на работата не смее да има никој во близина на работната машина.

    Otkup na kompiri

    Изгаснете го моторот пред почетокот на работа, извадете го клучот за палење, и
    прочитајте го упатството.
    Забрането е задржување во близина на мулчерот додека работи (Опасност од
    исфрлање на предмети).
    Не ги вадете заштитите на ременскиот пренос за време на работа на машината
    Отстранете ги ногарите од мулчерот (Опасност од повреди при
    ротирање на роторот со ножот или чеканот).
    Забрането е возење на приклучната машина.

    Намена на мулчерот

    MУЛЧЕРОТ е наменет за истиснување на сите остатоци (трева, слама, гранки со
    дебелина до 5 см итн.) на полјоделски површини. Во овоштарството, винарството, во
    парковите, и др.
    На ратарските површини, винарството и овоштарството издробената маса е органско
    ѓубриво, кое со помош на мулчерот ја намалува потребата за фрлање на друго ѓубриво. Истовремено се намалува и ризикот за разни отрови кои се користат во овоштарството и лозарството. Издробената маса оставена на дното во лозарството и овоштарството доведуда до влага на земјата која е потребна за раст и зреење. Со обработка на земјата во винарството и овоштарството се создава површина за растење на ниска трева и детелина каде што широките листови го спречуваат продирањето на сончевите зраци на дното. Со тоа спречуваат сушење и создавање на пукнатини на дното кои при врнежи доведуваат до ерозија на нагорните терени. Посебно е важен еколошкиот начин на обработка бидејќи се намалува употребата на отрови кои се штетни за луѓето, животните итн.

    Употреба на машината

    Moнтажа на машината
    Mулчерот е монтиран – прикачен на тракторот стандардно во три точки. Погон има
    преку карданските осовини. Приклучувањето на мулчерот за тракторот се прави
    секогаш со исклучено карданско вратило. Заштитата на карданот е осигурана со ланци.

    Прво се зацврстува мулчерот во три точки на тракторот. Со потезницата се подесува
    нагибот на мулчерот, така да тој е паралелен со земјата. После тоа се приклопува
    карданското вратило на тракторот и мулчерот.
    Се препорачуваме да карданската осовина при работа нема поголем агол од 10 °.

    Делување на машината

    Роторот на мулчерот се движи со карданска осовина преку запчест и ременски пренос.
    Роторот со чеканите или ножевите со голема брзина се движат во правец обратен од
    правецот на возењето, при што се постигнува квалитетна изработена смеса затоа што
    странично, смесата роторот со чеканите или ножевите ја фрла во заштитен лим
    (куќиштето на мулчерот) и додека масата паѓа на чеканот или ножот уште неколку пати ја удираат пред да падне на земја.
    На задната страна на мулчерот има ваљак кој ја истиснува издробената маса кон земјата.

    Работа со машината

    Вклучувањето и работата на излезната карданска осовина на тракторот а со тоа и на
    роторот од мулчерот (преку карданското вратило, редукторот и ременскиот пренос),
    достигнување на бројот на движења на излезните кардански осовина од 540 пок/мин
    и претходен преглед во подрачјето на кој се врши мулчирањето можен е почеток на
    работа.
    Работната брзина не смее да биде повеќе од 10 км/ч.
    За постигнување најдобар резулатат се препорачува подесување на брзината на
    работа на моторот на 2/3 сила на моторот.
    Работата т.е. мулчирањето се врши во еден правец без нагла промена на насоката на
    возењето. При движење на тракторот или при промена на насоката на возењето мулчерот мора да се подигне со помош на хидрауликата на тракторот.
    Не го менувајте режимот на работата со мулчерот освен кон промена на нагибот на
    теренот и слично.

    agrounik

    Одржување на машината

    Машината мора да се одржува многу внимателно, одговорно во склад со овие упатства.
    Пред почеток на работа превземете ги следните мерки:

    Изгасете го моторот на тракторот

    Пред подмачкување исчистете ја мазалицата од сите непотребни наслаги, да маста не се меша со нечистотијата.
    Машината се испорачува подмачкана со масло и во редукторот, но за да работи добро и подолго да трае треба редовно да го подмачкувате и одржувате.
    Mулчерот е потребно да го подмачкувате на секои 6 до 8 саати работа на сите места кои се предвидени за подмачкување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Потребно е секојдневно после завршување со работа:
    • Да се исчисти машината од нечистотии кои инаку би се наталожиле и така
      оневозможиле нормално паѓање на нечистотијата. За ова користете воден млаз
      држејќи се на оддалеченост од 1 метар.
    • Проверете ја состојбата на чеканот или ножот и затегнатоста на валјакот – носачот на
      чеканите, проверете ја затегнатоста на навртката и завртката.
    • На исчистените и суви завртки нанесете тенок слој на масло за подмачкување.
    • Проверете го маслото во редукторот.
    • Проверете ја затегнатоста на ременот, по потреба затегнете.

    После 12 месеци работа или после завршеток на сезоната потребно е:

    • Проверете ја истрошеноста на чеканите или ножевите, завртка-носач ремените,
      изжлебување на приклучната осовина на редукторот. Доколку е потребно заменете
      ги истрошените делови, променете го маслото во редукторот.
    • Подмачкајте го мулчерот на сите места кои се предвидени за мачкање.
    • Ообновете го лакот (бојата) на сите оштетени места и на тој начин спречете ја
      корозијата, заштитете го мулчерот од влага и прашина.
    • Исчистете го од сите нечистотии, подмачкајте го со масло и ставете го на
      соодветно место секогаш во хоризонтална положба.

    Уништување на мулчерот

    На крајот на работниот век однесете го на соодветно место за отпад.
    ЧУВАЈТЕ ЈА ОКОЛИНАТА!

    За повеќе совети при купување или користење на оваа машина посетете ја страната на следниот ЛИНК, или јавете се на овој БРОЈ

    За повеќе слични корисни стории посетете ја рубриката Механизација, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img