Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиКој произведува најмногу сончоглед во ЕУ?

    Кој произведува најмногу сончоглед во ЕУ?

    petel baner

    Во 2021 година, земјоделците од Европската унија собраа вкупно 10,49 милиони тони оваа култура, но кој произведува најмногу сончоглед?

    Една третина од сончогледовото масло во светот доаѓа од Украина. Конфликтот со Русија повторно го стави во фокусот производството на ова маслодајно семе. Само Украина сочинува 22 отсто од светската жетва.

    Otkup na kompiri

    Прогнозата на американското Министерство за земјоделство, USDA, предвидува дека обемот на жетвата во таа земја ќе падне. Ова особено ќе ги погоди европските потрошувачи. Од него на европскиот пазар се пласираше 30 отсто сончогледово масло, наведува Агрархеуте. 

    agrounik

    Во 2021 година, земјоделците од Европската унија собраа вкупно 10,49 милиони тони  од оваа култура, што ја позиционира ЕУ на трето место меѓу светските производители, зад Украина со 15,4 и Русија со 15,3 милиони тони сончоглед.

    Главните производители на ЕУ во милиони тони се: Романија со 3, Бугарија и Франција со 1,9, Унгарија со 1,7 и Шпанија со 0,77 милиони тони.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Површините под ова маслодајно семе се зголемуваат во последните неколку години, а од 2015 година бројот на засеаните култури е зголемен за околу 11 отсто.

    Највисоки приноси во ЕУ дава Австрија со 3,01 т/ха, а по неа е Хрватска со 3 т/ха. На трето место е Франција со 2,7 т/ха, а на второ место е Словачка со 2,7 т/ха.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img