Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро колумнаГАЗДА ИЛИ АРГАТ?

    ГАЗДА ИЛИ АРГАТ?

    petel baner

    ГАЗДА ИЛИ АРГАТ? Полека се наближува автуст месец а со тоа и бербата на грозје.

    Со нивното наближување се ближат и маките на лозарите и веќе сега паника ги фаќа зашто никој ништо за откупот или за цените не зборува.

    Otkup na kompiri

    Во групата на интернет „Земјоделие,мк“ од админите постафен е пост со прашање колкава треба да биде деневницата за работа во лозје или воопшто во земјоделието. Ги читав коментарите (морам да признаам дека се изненадив од толку многу недолични и вулгарни коментари) па во коментар на објавата доставив свое видување на работите со математика на моментална заработка на три хектари лозје колку што обработува мојата фамилија.

    Еве ја математиката за три хектари лозје:

    Се произведува и на откуп се предава 45 – 50 тона грозје

    Лани просечната цена на килограм откупено грозје сосе субвенциите и дополнителните мерки од владата беше околу 13 – 14 денари (3 денари откуп за вински дестилат, 4 денари по килограм грозје дополнителни од владата за предавање за вински дестилат + 2 денари од Ковит програмата и + 2 денари надокнада за штетите од дождовите во август, вкупно 11 денари. На тоа ако му се додадат околу 2 – 3 денари на килограм грозје субвенции по хектар, севкупно 13 – 14 денари)

    Просечни тошоци за производство на еден килограм грозје во зависност од сортата се различни. За вранец и смедеревка како најзазстапени сорти трошоците за производство на еден килограм грозје се 10 – 11 денари.

    Оваа цена варира во зависност од бројот на прскањата, полевањето, бројот на орања, аргати за берба и слично. Тука не е засметан трудот и работата на лозарите. Ако се стави и работната рака на „газдите“ и целото семејство трошокот за производство на еден килограм грозје ќе надмине 15 денари. Но, ете да не го сметаме тој трошок. Во тој случај заработката по килограм грозје изнесува 3 – 4 денари сосе субвенции. Значи од произведени 45 – 50 тона грозје од три хектари, на лозарите им остануваат двеилол до три илјади евра (45.000 х 3 или 4 денари = 135.000 до 180.000 денари) сметајќи ги и субвенциите по хектар. Всушност со ланските цени останува нешто ситно пари над парите од субвенциите по хектар.

    Ете, во најдобра варијанта нека се и 3000 евра. Значи 1000 евра од хектар.

    За да се сработат 3 хектари (триесет декари) почнувајќи од кроење и влечење прачки па до берба и есенско орање потребни се околу 400 – 450 дневни ангажирања или работни денови. Тоа значи двајца по 200 – 220 односно четворица секој по 100 – 110 дена работа на лозјето. Зборуваме за добро сработен насад (кроење, влечење прачки, затегање, заменана колци и жици, мулчирање, врзување, укопување „кучки“, лачење, 2 – 3 пати пропикнување, 2-3 пати поткршување, 5-6 пати орање, 5-6 пати прскање, 2-3 пати прскање трева под капката, 2 – 3 пати полевање, неколку дена чистење меѓи и сите останати работи)

    Реално, според ланските цени на дневниците, кога би се земале дневници од по 20 евра, сметајќи на 50-60 дневници по човек во сезона, една четворочлена фамилија би заработила околу 4000 – 5000 евра.

    ГАЗДА ИЛИ АРГАТ?

    Значи: четворочлена фамилија лозари од три хектари сопствен лозов насад заработува 2500 – 3000 денари. Четворочлена фамилија аргати заработува 4000 – 5000 евра за 50 – 60 дневници по секој член на семејството.

    Откако го отворија „ДЕРЕКЛСЕР МАЕР“ во Кавадарци, ние „газдите“ на лозови насади сме на тешки маки. Под тешки уцени узурпирани се нашите „права“ на „газдување“ та сме им „седнати во скутот“ на аргатите (пред се темнопутите браќа). Така условени сме да прифатием работен ден од 07.00 до 12.45 часот. Уште не ми е јасно по кои критериуми и по кои пишани или непишани правила се наметнува вакво работно време. Но сфатив. Особено не ми беше јасно она, завршетокот на работното аргатско време во 12.45. Тајната ми ја кажа еден од „нивните“ (аргатите)

    Еве во што била тајната.

    Кога ќе завршеле во 12.45 часот до 14.00 часот требало да пристигнат дома и да ручаат па поручок ајде пак на „аргатлак“ по уште една дневница. Ете токму тие 15 минути им биле кусо па затоа крајот на работното време е 12.45 чсаот. Е сега откако че почнат со работа, до фамозниот 12.45 се случуваат минимум две големи паузи од по еден час, една за појадок и една за ручек, по петнаесет минути за цигара на секој еден час, паузи поради жештината и незнам уште колку паузи. Ефектива: 3 – 4 часа работа. Просек на берење 400 – 500 кг смедеревка, 300 – 400 кг вранец или максимум 200 кг шардоне или ризлинг. Плус бурек, плус минимум едни ножици за берење помалку, плус неколку кутии цигари, плус наполитанки плежер барем едно кило а од лани се бара јадро, не плежер, зашто им досадилн, па ладно сокче кога ќе фати жешко.

    Товарачите се посебна приказна.

    Тие јадат директно до џигерот на „газдата“. Лани беа пазарени двајца по 1500 денари. Се изнесува со корпа или мала приколка, и така се полни тракторската приколица. Пробелм настанува кога ќе дојде на ред да се полни втората тракторска приколица. Тука паѓа тешка уцена, минимум уште по 500 денари по товарач зашто „сме се договориле за една приколка да се наполни а не деве“, што е ноторна лага. Се договараш за товарање а не за приколки. Колку и да се, повеќе од две не се сигурно. А и три да се.

    Тварачите не ги носат на грб вреќите како порано. Еден оди пред корпата и само ги подига по дваесетина центиметри во корпата на тракторот.

    Потоа тракторот доаѓа до приколицата каде што ќе сед истура, корпата се подига на висина речиси рамна со тракторската приколка и вреќите само се зафрлаат, што не е толку голем напор. Но со кого си имаш работа. Кога ќе ги видиш после првата тракторска приколица товарена со „цели“ три тона грозје, мислиш излегле од некој рудник каде ринтале дванаесет часа, толку се „уморени“, тоа е страшно.

    И посегаат по џигерот и кинат, кркаат. Ајде уште по петстотки на секој. Само тие двајцата коштаат 4000 денари за 5 – 6 тона грозје да ги товарат како што реков со изнесување со корпа или мала приколка. Останатото време лежат во сенките, одмараат за претстојната им „тешка“ работа вредна по 2000 денари.

    А на „газдата“, џигерот напола изгризан, главата му чади, му се темни пред очите. Башка што еден мал милион работи треба да ги реши додека почне бербата.

    А кога ќе дојдат аргатите кои со тешка мака ќе треба да заработат по 1200 денари за 3 – 4 часа работа, ќе ги добие сите можни критики и ќе му бидат побарани 2 – 3 макази за берење и во старт и некоја кутија цигари, зашто „ги заборавиле“ дома „брзајќи“ да стигнат на време за берење. Башка бурекот не бил погоден, од каде ли само го купил, сигурно гледал да е поевтин а не поубав….Пу, бе јаз’к!

    И сега кој е газда, а кој аргат?

    agrounik

    Ебати газдите, да одиме сите аргати повеќе пари ќе заработиме ем ќе се науживаме. Тешко и на нас кои имаме лозја и на аргатите ако цените на грозјето не достигнат барем 20 денари по килограм откупено грозје! Ќе ги напуштиме лозјата а „злоставувваните„ аргати за 20 евра дневница ќе бараат некои други „газди“!

    Текст на Ѓорѓи Мешков од Кавадарци.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    ГАЗДА ИЛИ АРГАТ?

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img