Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ВестиРасте притисокот ЕУ да се откаже од намалување на употреба на пестициди

    Расте притисокот ЕУ да се откаже од намалување на употреба на пестициди

    petel baner

    Засегнатите страни имаат три насоки на притисок врз институциите на ЕУ против намалувањето на употреба на пестициди за заштита на растенијата.

    „ Масовната смрт на пчелите во Меѓумурје, истражувањето кое покажа зголемено присуство на пестициди во храната и огромни количини на забранети пестициди запленети од хрватската царина оваа година се поврзани настани кои упатуваат на истиот заклучок – сегашните правила за контрола на употребата на пестициди се несоодветни или не спроведени доволно строго “. Ова го изјави хрватската европратеничка известувачка за стратегијата „Од поле до маса“,  Билјана Борзан .

    Otkup na kompiri

    Таа вели дека ЕУ планирала да ја преполови употребата на тие средства до 2030 година. Но инфлациската криза и војната во Украина ја ставиле таа цел во прашање.

    Имено, на 22 јуни 2022 година , Европската комисија треба да претстави измени на директивата за одржлива употреба на пестициди. Амандманите, меѓу другото, треба да ги направат целите за намалување легални за земјите-членки. Треба да го регулираат процесот на овластување за пласирање пестициди на пазарот. Да ја охрабрат употребата на алтернативни, помалку штетни агенси. Треба да и овозможат на ЕУ подобро да ја контролира примената на регулативите во земјите-членки.

    Прашање е дали новиот закон воопшто ќе се спроведе

    „ Лобирањето е сето ова да се запре и прашање е дали новиот ќе се спроведе како што е планирано “. Интересните групи имаат три правци на притисок врз институциите на ЕУ. 

    Првата е да се финансираат истражувања кои ќе покажат дека намалувањето на употребата на хемиски пестициди би имало катастрофално влијание врз производството на храна. Втората е да се промовираат квази-решенија како што се генетски модифицираните култури на кои не им се потребни пестициди. Третата е мобилизација на владите на трговските партнери на ЕУ. Оние кои извезуваат големи количини земјоделски производи во Европа и кои не ги исполнуваат построгите стандарди.

    agrounik

    „ Доказ за тоа е жестокото и отворено противење на Соединетите Држави на целите на стратегијата „Од поле до маса“. Американските лобисти во голема мера се активни во Брисел “, рече хрватскиот европратеник.

    Најголемиот товар е на земјите кои трошат најмногу

    Таа направи и големо истражување на јавното мислење. Едно од прашањата беше дали граѓаните поддржуваат намалување на употребата на пестициди и антибиотици во производството на храна.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „ Дури 91 процент од испитаниците одговориле потврдно, што покажува дека јавната свест за влијанието на пестицидите врз здравјето и животната средина е висока. Но, јасно е дека конвенционалното производство на храна во моментов не е можно без употреба на производи за заштита на растенијата “, рече таа.

    Затоа, потребно е на земјоделците да им се понудат алтернативи на хемиските пестициди, но и нови земјоделски техники. „ Важно е најголемиот товар на намалување да падне на земјите-членки кои трошат најмногу во употреба на пестициди и антибиотици “, рече Борзан.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img