Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-3.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиНеколку трикови за освежување на просторот каде се пуши

    Неколку трикови за освежување на просторот каде се пуши

    petel baner

    Доколку пушите во затворен простор, потребно е редовно да го проветрувате истиот. Чадот од тутун се вовлекува во ѕидовите, завесите, мебелот, подот, па затоа се неопходни одредени процедури за освежување на просторот. Подолу се дадени неколку трикови.

    Неопходно е редовно да проветрувате заради освежување на просторот, да го чистите, да користите одредени видови освежувачи на воздух.

    Otkup na kompiri

    Еве неколку совети:

    – Редовно перете ги завесите, теписите и чистете ги каучите. Никогаш не пушете во таа просторија додека целосно не се исушат. Чадот од тутунот полесно се впива во влажните предмети. Кога перете теписи и софи, користете сода бикарбона.

    – При проветрување, отворете ги ширум прозорците за да се овозможи подобра циркулација на свеж воздух. Ова е многу поефикасно отколку да го отворите вашиот прозорец “на кип”.

    agrounik

    – Користете оцет така што ќе ставите околу 1 dcl оцет (по избор) во шолја и оставете го да испари преку ноќ, а собата ќе биде свежа наутро. 

    – Набавете свеќник за етерични масла – во него на дното се става мала свеќа, а на врвот сад во кој се става вода. Додадете четири до пет капки есенцијални масла во водата, по можност малку цитрус, бидејќи тие се најефективни во отстранувањето на мирисот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Активниот јаглен, кој се користи за справување со стомачните и цревните вируси, служи и како собирач на мириси, но внимавајте да го оставите на повисоки полици недостапни за деца.

    – Наполнете една пластична лименка со талог од кафе, а потоа фрлете догорчиња од цигари во неа и затворете ја. Сокот од кафе треба да го неутрализира мирисот, а кога ќе ја наполните корпата, фрлете ја и употребете нова. Можете да го користите истото, но обидете се претходно добро да го измиете.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img