домаАгро советиПричина за избегнување на раните лубеници во сезоната

Причина за избегнување на раните лубеници во сезоната

Prokredit baner

Раните лубеници веќе се појавија на пазарите и продавниците, но лекарите предупредуваат на опасноста од штетните состојки кои ги содржат.

Лубениците на почетокот на сезоната генерално содржат големо количество нитрати, или супстанции кои се користат за брзо зреење. Оваа супстанција не е штетна во мали количини, но доколку постојано се внесува може да предизвика труење што резултира со гадење, повраќање и болки во стомакот.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

„Хроничните болести може да се влошат кај луѓето кои внесуваат големи количини нитрати, а доколку веќе имаат проблеми со дигестивниот систем може да очекуваат негативни последици. Иста е состојбата и со воспалителните болести“, велат експертите.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Раните лубеници не се препорачуваат за следните групи поради количеството на нитрати:

Petel.mk
  • деца,
  • лица со алергиски заболувања и
  • оние со слаб имунитет, како што се пациентите со хемотерапија.

Треба да се биде внимателен со раните лубеници

Сепак, треба да се напомене дека не сите лубеници кои моментално се продаваат се полни со нитрати. Доколку се одгледуваат во стакленик, тогаш таму се создаваат услови за побрзо созревање отколку на „отворено“, поради што нема потреба од употреба на нитрат.

Експертите предупредуваат дека, не е правило раните лубеници да ја содржат оваа состојка, но сепак треба да се внимава.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img