Првиот воз со жито е испратен на Крим од делот на регионот Запорожје на југот на Украина, кој е под контрола на Русија.
Според него, од Мелитопол тргнал првиот воз со жито кој брои 11 вагони.
– Во блиска иднина овие испораки ќе се зголемат стотици пати. Се разбира, нашите земјоделци ќе добијат пари кои ќе бидат многу релевантни за нив за да можат да го посеат следниот род – рече Балички, пренесува Интерфакс.
Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека е обновена можноста за движење на возовите на шест железнички делници меѓу Русија, Донбас, Украина и Крим во вкупна должина од 1.200 километри и дека стоката почнала да се доставува до Мариупол, Бердјанск и Херсон.
Железничкиот сообраќај меѓу Крим и украинските региони беше прекинат на крајот на 2014 година.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.