Дива цреша прекрасно шумско дрво. Во Македонија ја има насекаде по планините расте и до 1000 метри надморска висина ги има многу и кај нас во Село Дренок.
Плодовите на дивата цреша се превкусни и се деликатес. Малку луѓе чуле за ова овошје а уште помалку се тие што го пробале.
Жално е што на децата не им се дава да го јадат ова здраво шумско овошје бидејќи е богато со витамини и минерали.
Црешата е богат извор на витамин Ц и диетални влакна. Вишната содржи и витамин А
Плодовите на дива цреша се ситни и мали. Најубави се веќе кога ќе станат темно црвени па дури и црни.
Од нивните плодови се прават сокови, компоти, торти, колачи, сладоледи ….
Корените на диват цреша може да бидат прилично плитки и блиску до површината.
Црешите се хермафродити, што значи дека машкиот и женскиот репродуктивен дел се наоѓаат во ист цвет.
Цветовите се бели и во облик на чашка со пет ливчиња и се со големина од 8-15 мм. Тие обично висат во кластери од 2-6.
Дивата цреша е веројатно едно од нашите најубави дрвја и за среќа е прилично честа појава за тој што знае 🙂
Според нас дивата цреша е најукрасната од нашите родни широколисни шумски дрвја.
Плодовите се вкусни и ги јадат сите шумски животни и така ги разнесуваат семките од дива цреша по планините.
Зрелите дрвја можат да пораснат до 30 метри и да живеат до 60 години.
Црешите се хермафродити, што значи дека машкиот и женскиот репродуктивен дел се наоѓаат во ист цвет.
Пролетните цвеќиња обезбедуваат ран извор на нектар и полен за пчелите. Моите пчелки во Село Дренок ги обожаваат и се одличен за пролетен развој на роевите.
Традиционално се садеа цреши за нивниот плод и дрво, кое се користело за правење карики за буре и лозови столбови. (и за по некое црешово топче)
Денеска дрвото од дива цреша се користи за изработка на украсни фурнири и мебел.
Шпицот на сезоната за овие слатки цреши е помеѓу мај и јули.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.