домаситеЗајакнете ја вашата снага и нерви со витамин Б1

Зајакнете ја вашата снага и нерви со витамин Б1

Prokredit baner

Витамин Б1 е многу важен за пренесување на нервните дразби до мускулите, па затоа се грижи за нашата подвижност.

Овој витамин е важен за нервите и енергијата, бидејќи како коензим учествува во разградувањето на јаглехидратите во нервите и мускулите. Исто така е важен за создавање на енергијата на нашите мали сиви клетки, бидејќи мозокот работи и „на шеќер“. Без витамин Б1, нервниот систем не би можел да закрепне по многу напор. Покрај тоа, промовира подобра работа на срцето, цревата и коските.

Семенарна хоризонтален банер

Ако ви недостасува витамин Б1, чувствувате раздразливост, тешкотии во концентрација и размислување, губење на апетит, несоница, па дури и варење. Во тешки случаеви доаѓа до нарушување на срцевиот ритам, артериска срцева болест, воспаление на нервите, болка и слабеење на мускулите и болки во коските. Можно е и отекување, а често се јавува притисок и депресија. 

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Недостатокот на витамин Б1 најчесто се јавува кај алкохоличари, бидејќи големи количини на алкохол ја намалуваат апсорпцијата на тиамин во телото. На тој начин се јавува бери-бери, која ги оштетува нервите, мозокот и срцевиот мускул. Бери-бери се карактеризира со визуелни, ментални нарушувања, мускулна слабост, парализа на очните мускули, намалена чувствителност и грчеви во нозете и стапалата, нарушувања на срцевиот ритам, крвен притисок, дишење. Развојот на анемија, периферен едем, губење на апетит и анорексија се знаци на долгорочен недостаток на витамин Б1 во организмот. Крајниот резултат на бери-бери може да биде смрт. Недостатокот на овој витамин се спроведува со давање високи дози 50 mg на ден и повеќе. 

Препорачани дневни дози за витамин Б1

За доенчиња (0-12 месеци): 0,2 – 0,3 mg
За деца
од 1 – 3 години: 0,5 mg
4 – 8 години: 0,6 mg
9 – 13 години: 0,9 mg
Возрасни
мажи 14 години и постари : 1,2 mg
Жени 14 години и постари : 1,0 mg

Petel.mk

Витаминот Б1 го има во квасецот (леб, пецива од квасец, пиво), триците, нерафинираните житарки, неполиран ориз, месото, а особено во црниот дроб и бубрезите, јајцата, млекото, зелката, спанаќот, компирот и разни други овошја и зеленчуци.

Труење со витамин Б1 – хипервитаминоза не може да се појави, бидејќи е растворлив во вода, а непотребните количини на овој витамин се излачуваат од телото.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img