Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Friday, October 11, 2024

More
    домаАгро ВестиСе бара укинување на фармите кои извлекуваат хормон од кобили

    Се бара укинување на фармите кои извлекуваат хормон од кобили

    petel baner

    Хормон од кобили се користи во Обединетото Кралство и Европа. Целта е да се зголеми репродукцијата кај свињите, кравите и другите фармерски животни.

    Исландската практика на земање крв од кобили за да се создадат хормонски производи кои ја зголемуваат репродукцијата кај одгледуваните животни предизвика загриженост во Европската унија, пишува Гардијан.

    Otkup na kompiri

    На овој остров има 80.000 коњи. Повеќе од 5.000 на 119 фарми се користат за производство на PMSG, широко достапен во Британија и Европа.

    Дали ќе се забрани производството?

    Има голем притисок да се забрани производството на хормони од кобили. Оваа практика се карактеризира како сурова. Хормонот се користи во Британија и Европа за да се зголеми репродукцијата кај свињите, кравите и другите фармерски животни.

    Пред да се претвори во прав и да се испрати низ светот, гонадотропинскиот серум се екстрахира од бремената кобила во текот на летните месеци. Има посебни места каде тоа се прави, а се нарекуваат „фарми на крвта“.

    Активистите за заштита на животните во Исланд, кои ги посетија со тимот на Гардијан, укажуваат на сета агонија низ која минуваат животните. Скршени боксови и огради покриени со траги од гризење. Тајната снимка што активистите успеаја да ја снимат покажуваат вознемирени кобили како клоцаат, гризаат и се борат во тесен простор пред да примат канилата во југуларната вена.

    Европската комисија објави дека е загрижена за третманот на кобилите, а Европскиот парламент бара забрана за увоз на хормони. Има се повеќе гласови за забрана на ваквото производство на хормон од кобили. На крајот на март, меѓународната коалиција од 17 невладини организации поднесе тужба против Исланд до Надзорното тело на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА). Ова тело го следи почитувањето на правилата на Европската економска област (ЕЕА) во Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Исланд е обвинет за кршење на законот на ЕЕА за заштита на животните кои се користат за научни цели. Тој тврди дека тамошните власти треба да забранат собирање крв.

    Исланѓаните не знаеја што се случува

    Поддршката за забраната е се погласна. Се повеќе Исланѓани се против овој производствен процес. Опозициската партија поднесе предлог-закон до парламентот со кој се бара забрана. Исландското Министерство за рибарство и земјоделство формираше работна група која ќе ги претстави резултатите од истрагата и наодите ова лето. Експертите се загрижени поради големата количина на крв што се зема. Имено, компанијата Истека објави дека осум последователни недели зема пет литри крв од кобили секоја недела. Тоа е четири пати повеќе од износот наведен во меѓународните упатства. Експертите ја критикуваат оваа практика и наведуваат дека се работи за злоупотреба на животни и екстремна суровост.

    Интересно е што овие фарми работат 40 години. Самите Исланѓани немаа поим што им се случува во соседството се додека не беше објавена тајна видео снимка.

    „Немав поим дека го правиме ова и бев шокиран кога го видов тоа “, рече Бјарнхеидур Халсдотир , претседател на Асоцијацијата на исландски туристички организации. Слично мислење имаат и други жители и сопственици на коњи.

    agrounik

    Во Германија, 6,4 милиони поединечни дози на PMSG беа дадени на маторици помеѓу 2016 и 2019 година. Тоа е еднакво на околу 32.000 литри крв.

    Во Обединетото Кралство, хормонот може легално да се добие од регистриран ветеринар, со достапни производи, кои вклучуваат вагинални сунѓери за овци кои поттикнуваат рано јагнење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    ЕУ не може да ги наметнува своите стандарди за благосостојба на животните во трети земји и мора да ги почитува правилата на Светската трговска организација. Затоа, ЕК продолжува да се осврнува на важноста од подобрување на условите за коњите вклучени во производството на PMSG на мултилатерално ниво во рамките на Светската организација за здравје на животните (OIE).

    Покрај во Исланд, ова производство беше развиено и во Аргентина и Уругвај.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img