Артритис и болките во зглобовите знаат да бидат многу упорни и непријатни, но природата се погрижила и за тоа. Запознајте се со исхраната која е многу вкусна и пријатна, а која ќе ги намали болките во зглобовите и другите тегоби предизвикани од артритисот.
Ревматоидниот артритис е хронично воспалително ревматско заболување кое првенствено ги зафаќа зглобовите, но често и внатрешните органи, нервниот систем и кожата. Спаѓа во групата на т.н системски заболувања на сврзното ткиво. Со текот на времето доаѓа до искривување на прстите, ако се работи за рака. Но и многу болни и непријатни состојби, кои вклучуваат намалена подвижност на зглобовите. Последиците од оваа состојба можете да ги ублажите со правилна исхрана и користење на правилна храна.
Јужно овошје
Лимон, портокал, грејпфрут, лимета, накратко, агрумите содржат високо ниво на витамин Ц, кој е неопходен за синтеза на колаген. Тој, пак, го одржува здравјето на лигаментите, коските и тетивите и е исклучително важна состојка за сите оние кои патат од остеоартритис. Сите цитрусни овошја се исто така добар извор на антиоксиданси кои го намалуваат воспалението.
Маслиново масло
Се покажа дека луѓето кои практикуваат медитеранска исхрана помалку страдаат од дегенеративни заболувања на зглобовите. Бидејќи традиционално се базира на маслиново масло, истражувачите подетално го истражувале неговиот состав. Се покажа дека олеоканталот делува слично како и нестероидните антиинфламаторни лекови и ја блокира болката. Се препорачува да се користи маслиново масло секогаш кога е можно и да се намали употребата на сончогледово масло.
Морков
Морковите се исклучително богати со витамин А и бета каротен и треба да бидат на менито на оние кои страдаат од болки во зглобовите секој ден. Овие антиинфламаторни состојки се наоѓаат во слатките компири, како и во тиквите, но морковите обично се најдостапни. Најдобро е што при готвењето не се губат вредни состојки, па можете да го јадете свеж или варен. Иако корисните состојки на многу намирници подобро се користат кога, ако е можно, се консумираат свежи, морковите се похранливи и подобро се користат кога се готвени.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.