домаАгро ЗабаваСедум освежителни коктели од црвено вино

Седум освежителни коктели од црвено вино

Prokredit baner

Коктелите со црвено вино се многу популарни пијалаци, а можат да се пофалат и со голем број различни бои и освежителни вкусови.

1. Коктел „Раздразливост“

Состојки:

Семенарна хоризонтален банер

– суво црвено вино – 200 ml
– црвен рум – 100 ml 
– кока кола “zero” – половина чаша
– мраз – 6 коцки

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Сите коцки мраз ставете ги во изладена чаша и истурете Кока-Кола. Додадете вино и на крајот малку додадете рум и промешајте.

2. Коктел џунгла

Состојки:

Сладолед од шумско овошје – 50 грама
црвено вино – 200 мл
сок од вишни – 100 мл
сок од лимета – 10 мл
мраз – 2 коцки
Сите состојки, освен коцките мраз, ставете ги во шејкер, протресете и истурете во чаша. Додадете мраз и добро забавувајте се.

3. Коктел – портокалово освежување

Состојки:

– портокал – 1 парче
– половина чаша сок од портокал
– црвено или розево вино – половина чаша  
– мраз – 3 коцки
– кафеав шеќер – 1 кафена лажичка
Ставете парчиња портокал на дното на чашата, додадете една лажичка шеќер и истурете црвено или розово вино. Внимателно налејте го сокот од портокал и одозгора ставете ги коцките мраз. 

4. Коктел – Црвена роза

Состојки:

– грејпфрут – 1 парче 
– лимета – половина парче
– шеќер – 1 лажичка 
– полусуво вино – 150 мл 
– розе пенливо вино – 150 мл
– мраз – 2 коцки
Исцедете сок од грејпфрут во чаша за мартини, додадете шеќер и мешајте додека не се раствораат. Додадете вино, истурете пенливо розово вино, ставете мраз и послужете веднаш. 

5. Коктел – Летен пунч

Состојки:

Тигар лого гиф

– свежи малини – 100 грама
– сок од лимета – 20 мл 
– слатко црвено вино – 200 мл 
– сок од јагоди – 100 мл
– мраз – 3 коцки
Исцедете свежи малини на дното од чашата, истурете сок од лимета и вино, па малку додајте сок од јагода. Промешајте го коктелот и истурете во чаша во која има коцки мраз. 

6. Коктел -Топол шок

Состојки:

Petel.mk

– полуслатко црвено вино – 250 мл
– темно чоколадо – 30 грама 
– ликер од кафе – 20 мл
– ситен мраз – 100 мл  
На дното на чашата ставете кршен мраз и прелијте го со полуслаткото вино. Истурете ликер од кафе, додадете парчиња чоколадо и послужете го на гостите. 

7. Дискотека

– црвено вино – половина шолја 
– сок од калинка – 1 чаша
– сок од боровинки – 1 шолја
– ракија од кајсии – половина шолја  
– ладен зелен чај – половина шолја
– кршен мраз – 3 коцки    
Сите состојки, по кој било редослед, истурете ги во чаша, промешајте и послужете.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

 

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img