Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЕве зошто е добро да се конзумира чај од целер

    Еве зошто е добро да се конзумира чај од целер

    petel baner

    Чај од целер – Целерот (лат. Apium graveolens) е тревно растение кое припаѓа на фамилијата Apiaceae. Наоѓа широка примена во исхраната.

    Обично се готви и се додава во супи, чорби или се комбинира со друг зеленчук. Најздраво е кога се јаде сиров и е додаток на многу витамински салати и сосови. Семето се користи како зачин и може да ја замени солта во исхраната. Исто така, ја подобрува аромата на некои алкохолни пијалоци. Може да се користи за правење чаеви и сокови кои се многу здрави.

    Otkup na kompiri

    Достапен е во текот на целата година, а најквалитетен е во лето. Не треба да се чува во фрижидер повеќе од 7 дена бидејќи ги губи лековитите состојки.

    Во медицината, семето се користи како седатив.

    agrounik

    Римјаните и старите Грци знаеле за дивиот целер. Се споменува во Хомеровите „Илијада и Одисеја“. Тие правеле венци од ова растение кои ги носеле победниците, додека старите Египќани ги носеле на погреби. Во 17 век целерот бил одгледуван и почнал да се користи како универзален лек.

    Лековитост и здравје

    Целерот е многу богат со витамин К и растителни влакна. Содржи и: витамини од Б комплексот, витамин Ц, витамин Е, натриумови соли, сулфур, јод, бакар, калиум, калциум, манган, флавоноиди, бета каротен итн. Листовите имаат повисок состав на витамини и минерали од коренот. Она што го прави ова растение толку лековито се фитонутриентите кои благотворно делуваат на организмот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чај од целер се подготвува така што во литар зовриена вода се додаваат 40 грама листови целер. Потоа се остава покриено додека не се излади, се процедува, а потоа се пие млако во текот на денот.

    Чајот се прави од корен, листови и семе, а добар е да се консумира бидејќи:
    • го чисти телото, особено крвта и црниот дроб и ги отстранува токсините од него;
    • ја стимулира работата на половите жлезди и се смета за афродизијак;
    • го намалува чувството на глад;
    • помага при губење на тежината;
    • го подобрува излачувањето на течности од телото;
    • помага да се отстрани целулитот;
    • го регулира варењето;
    • помага при лекување на болести на мочниот меур и бубрезите;
    • ги смирува и зајакнува нервите;
    • ги ублажува грчевите во мускулите;
    • го намалува високиот крвен притисок;
    • го намалува нивото на лошиот холестерол;
    • регулира шеќерот во крвта;
    • помага при лекување на ревматизам;
    • ги регулира нередовните менструални циклуси;
    • ги ублажува симптомите на настинка и ја намалува треската;
    • ја подобрува крвната слика;
    • поволно влијае на циркулацијата;
    • го буди телото, особено во пролет.

    Чајт од целер е добар и за надворешна употреба. Успешно го отстранува првутот, па затоа треба одвреме-навреме да се користи за миење на косата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img