Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ВестиЕУ (не) го храни светот

    ЕУ (не) го храни светот

    petel baner

    ЕУ увезува многу повеќе храна отколку што извезува и нејзината потрошувачка негативно влијае на планетата. Но, сепак постои желба тоа да се промени, се вели во новиот извештај на Светскиот фонд за природата (WWF). Митот дека Европа го храни светот полека се разбива.

    ЕУ е најголем светски извозник на земјоделско-прехранбени производи во економска смисла. Сепак, бележи трговски дефицит при мерењето на она што е навистина важно во однос на хранливата вредност, како што се калориите и протеините.

    – ЕУ троши многу повеќе од нејзиниот фер удел. Нејзиното сегашно високо ниво на производство на храна е можно само благодарение на големиот увоз на суровини.

    Со војната во Украина, потребна е итна акција за да се спречи глобалниот недостиг на храна. Извештајот на WWF исто така предупредува дека војната се користи како оправдување за олеснување на еколошките стандарди на ЕУ.

    Како аргумент се користи долгогодишната заблуда дека “Европа го храни светот“, а извештајот на Фондот покажува дека тоа е мит.

    Извештајот покажа дека увозот на храна и домашното производство во ЕУ се „фундаментално“ неодржливи. Ги уништуваат природните ресурси, што доведува до глобално уништување на шумите и исцрпување на рибните резерви ширум светот.

    – Дури 40 отсто од храната произведена во ЕУ никогаш не се јаде. Таа екстраваганција многу ја чини нашата клима и биодиверзитетот.

    Напорите за зголемување на производството на храна во ЕУ како одговор на актуелната глобална криза веројатно само ќе го влошат проблемот. Од друга страна, промените во потрошувачката ќе дадат поголем придонес за безбедноста на храната. Тие ќе го намалат влијанието врз системот за храна на ЕУ.

    Извештајот покажа дека моделот на трговија со земјоделско-прехранбени производи на ЕУ се заснова на увоз на евтини суровини – какао, овошје, соја и извоз на производи со висока вредност како вино и чоколадо, што има позитивен ефект врз економијата на ЕУ, но не нужно глобално снабдување со храна.

    Исто така, се наведува дека многу земјоделски и прехранбени суровини увезени во ЕУ се произведуваат на сметка на милиони хектари шуми и други природни екосистеми, поттикнуваат климатски промени, загуби во биолошката разновидност и социјална неправда.

    ЕУ увезува речиси двојно повеќе морска храна отколку што произведува

    Понекогаш овие производи доаѓаат од региони каде исхраната на локалните заедници зависи од рибите. Тие се соочуваат со помал улов поради прекумерниот риболов и климатските промени.

    Во извештајот се вели и дека ЕУ произведува премногу производи од животинско потекло. За да успее, повеќе од половина од житарките се одгледуваат за исхрана на животните. ЕУ исто така увезува огромни количини на соја и други хранливи материи.

    Се додава дека ЕУ секоја година фрла многу храна која се проценува на 173 килограми по глава на жител. Големи загуби има и на фармите. До 15 проценти од вкупното производство на храна се губи за време или набргу по жетвата.

    Agrobot

    Постои волја кај потрошувачите на ЕУ тоа да се промени

    Тројца од пет граѓани сакаат да јадат поодржливо, а тројца од четири сакаат законот на ЕУ да гарантира дека само производите што не доведуваат до губење на биолошката разновидност се продаваат.

    Се посочува дека бизнисот во прехранбениот сектор се повеќе се занимава со производство на производи „позитивни во однос на природата“. Денес, органското производство се одвива на 14,6 милиони хектари во ЕУ и Британија, што е 8% од вкупната земјоделска површина, а вредноста на пазарот на органска храна е двојно зголемена од 2010 година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Светскиот фонд за природата вели дека новата правна рамка за одржлив систем на храна, што ќе ја предложи Европската комисија во 2023 година, мора да биде пресвртница.

    Организацијата, исто така, предлага неколку начини на кои новиот закон на ЕУ би можел да ја доведе потрошувачката на храна во Унијата кон одржливост.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img