Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиЗаштита на климата преку поевтино овошје и зеленчук?

    Заштита на климата преку поевтино овошје и зеленчук?

    petel baner

    За заштита на климата месото треба да поскапи, а овошјето и зеленчукот да поевтинат. Еколошките производи и услугите да бидат ослободени од ДДВ. Истовремено државата да престане да го субвенционира она што е штетно. Ова се предлозите на Германската агенција за животна средина (УБА).

    Agrobot

    УБА предлага реформа чија суштина е прилагодување на данокот на додадена вредност на еколошките и социјалните критериуми. Патувањето со автобус и воз треба да биде поевтино, изјави претседателот на УБА, Дирк Меснер, пренесува ДПА.

    Агенцијата наведува дека основната растителна храна како овошје, зеленчук, производи од житарки и растителни масла, како и јавниот превоз треба целосно да бидат ослободени од ДДВ. Ова ги олеснува приватните домаќинства во Германија за околу шест милијарди евра вкупно годишно.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Треба да се укине и ДДВ за системите за сончева енергија. Оптимизацијата на системите за греење и поправка да се оданочува со седум отсто, наместо со 19 отсто.

    Да се зголеми оданочувањето на производите од животинско потекло

    УБА предлага подоцна и постепено да се укинуваат субвенциите за еколошки штетни производи. Ова особено се однесува на намалениот ДДВ од седум отсто на месото и другите животински производи. Тие во иднина треба да се оданочуваат со редовни 19 отсто. Растителните производи се многу помалку штетни за климата отколку храната од животинско потекло, па овие мерки би помогнале вво заштита на климата, заклучува германската агенција.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img