Детокс пијалок од краставица – ќе ви помогне на многу начини. Го чисти нашето тело од токсините кои се акумулираат со текот на времето и помага да се стопат мастите во телото.
Една од главните состојки на оваа детоксикација е дефинитивно краставицата. Овој зеленчук е нискокалоричен и богат со вода.
Лимонот е исклучително богат со витамин Ц и е познат како одличен „чистач“ на телото.
Чиа семињата се богати со омега 3 масни киселини, протеини и влакна, а содржат и значителен број на витамини, минерали и антиоксиданси. Чиа семиња се одлични за регенерација на кожата, но и за согорување на маснотии, зајакнување на организмот и позитивно влијание на органите за варење.
Нутриционистите се согласуваат дека чиа семе е едно од најдобрите нешта што можете да го конзумирате доколку се чувствувате слабо и без енергија. Тоа ја подобрува работата на мускулите и ослободува енергија во вашето тело.
Напиток за детоксикација – подготовка:
- Излупената краставица ставете ја во блендер и исечкајте ја. Во смесата додадете ја исцедената половина од лимонот.
- Потоа додадете една лажица чиа семе
- Сите состојки убаво измешајте ги, па оставете малку да омекнат семките.
- Конзумирајте го овој детокс пијалок од краставица подготвен секое утро на празен стомак.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.