Има многу сличности помеѓу овошјето и зеленчукот. Многумина веруваат дека овошјето расте само на дрвјата, додека зеленчукот може да се најде само во земјата, но тоа не е точно. Ви ги претставуваме нивните основни интересни разлики за да дознаеме која храна припаѓа на која група.
Праската е овошје, а морковот е дефинитивно зеленчук. Сепак, познатиот Венов дијаграм кој ги поврзува овие два производа покажува преклопување кое произлегува од фактот дека нешто класифицирате во категоријата овошје или зеленчук, во зависност од тоа дали сте готвач или градинар.
Основни интересни разлики
1. Овошјето се формира со оплодување на цвет, додека зеленчукот е дел од растението како што се корените, стеблата или листовите
2. Повеќето овошја содржат семиња, додека пак речиси сите зеленчуци не содржат.
3. Овошјето може да се карактеризира како сладок, месест, зрел плод на растението, додека зеленчукот се смета за дел од растението што се користи како храна.
4. Овошјето е обично светло по боја и може да биде црвено, портокалово, жолто, зелено, виолетово, сино или црно, додека зеленчукот е претежно темно зелен.
5. Овошјето е претежно слатко со горчливи семки. Зеленчукот не е сладок, иако секој зеленчук е различен, не може да се класифицира како сладок, но е кисел, солен или горчлив.
6. Покрај природниот шеќер, овошјето содржи масти и калории. Зеленчукот е со малку масти, но богат со влакна. Исто така, зеленчукот како цвекло и компир содржи голема количина шеќер.
7. Овошјето содржи големо количество јаглехидрати и целулоза, додека зеленчукот се карактеризира со многу помала количина.
8. Овошјето се јаде сирово, додека повеќето зеленчуци бараат некаква обработка.
Зеленчукот кој луѓето често го сметаат за овошје се лубеницата, дињата и тиквата. Всушност, тиквата е многу интересна храна бидејќи ги содржи квалитетите и на овошјето и на зеленчукот. Затоа, тиквата припаѓа на ретка група на растенија наречени овошен зеленчук. Овошје што луѓето погрешно го вклучуваат во зеленчукот се домати, краставици, пиперки, модар патлиџан, маслинки, грашок, тиквички, грав.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.