домаситеМаст од чувар куќа - вистински мелем за обновување на кожата

Маст од чувар куќа – вистински мелем за обновување на кожата

Prokredit baner

Чувар куќа е чудотворно растение кое е многу лековито и може да се користи на многу начини. Во народната медицина се користи во форма на сок, облоги, масти, тинктури или чаеви. Во продолжение дознајте како да направите маст и за што е добра.

Чувар куќа (Sempervivum tectorum) е повеќегодишно тревесто растение од родот Sempervivum. Листовите му се зелени, сочни и дебели со бодликави краеви во боја на костен. Го забрзува метаболизмот и го чисти телото од токсини, го забрзува излачувањето на урината, помага при тешки и болни менструации и дизентерија, ги намалува отоците, ги чисти раните.

Семенарна хоризонтален банер

Мастата од ова растение лесно се подготвува и е многу добра за многу состојби како што се сипаници, разни рани и чиреви, пеги, херпес, воспаление на ушите и очите, убоди од пчели, оси, комарци, хемороиди, изгореници, испукана кожа, разни малигни заболувања на кожата, тврда кожа на стапалата, каснувања. Ги намалува проблемите предизвикани од гихт и ги ублажува грчевите.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Подготовка на маст од чувар куќа

Тигар лого гиф

За да ја подготвите оваа маст, ќе ви требаат една шака сечкани листови и 200 грама свинска маст за да послужат како основа. Ситно исецкајте со рака или во сецко. Маста треба да се измие во 9 води. 

Во еден сад ставете ја маста и исечканите парчиња чувар куќа и убаво измешајте.

Petel.mk

Растопете ја маста на ниска температура, но не дозволувајте состојките да почнат да се варат. Кога ќе се растопи, тргнете ја тавата од оган и оставете ја да отстои 12 часа. Потоа, маста треба повторно малку да се загрее за да стане течна, да се процеди и потоа да се претури во тегла.

Чувајте во фрижидер и употребувајте по потреба. Маста е многу ефикасна и е сосема природен препарат.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img