Лековитите својства од камилица им се добро познати на сите, но ова растение се покажало како многу ефикасно за друга намена. Се работи за здравјето на растенијата. Камилицата е многу ефикасна кога се користи во органско производство за подготовка на природни препарати.
Камилица најчесто се користи како хербален препарат во вид на чај
Камилицата е едно од најупотребуваните лековити растенија. Неговите лековити својства се познати одамна, па затоа го има речиси во секое домаќинство. Поради присуството на голем број лековити материи се одгледува долги години.
Што се однесува до употребата на камилицата како хербален препарат, најчесто се користи чајот од камилица. Може да се користи и како чорба но и како ферментиран екстракт. Разликата меѓу овие билни препарати е во нивната подготовка.
Чај од камилица
Чајот се прави од свежи или суви делови од растението кои се прелеваат со врела вода и чајот се остава да отстои околу 20 минути. Потоа се филтрира и лади и, во зависност од видот што се користи, се користи веднаш или се разредува со вода (по можност дождовница или стоена вода од бунарот) и се користи.
Чорба
Се подготвува така што се преливаат со ладна вода сечканите делови од растението и се остава 24 часа. Потоа, чорбата се готви 15-30 минути, потоа се лади, се цеди и течноста се користи за третман (прскање – обично разредена).
Ферментиран екстракт
Ферментираниот екстракт се формира кога свежи или суви растителни делови се прелеваат со ладна вода и се оставаат надвор додека не започне ферментацијата. Масата повремено се меша 7-12 дена. Ферментацијата е завршена кога деловите од растението ќе паднат на дното на садот и течноста ќе се избистри. Екстрактот мора да се разреди со вода пред да се третираат растенијата (најчесто тоа е односот на еден дел од екстрактот и 10 (20, 50) делови вода.
Чајот од камилица е „купка“ за семиња кои ги напаѓаат габите и бактериите
Овие препарати најмногу ги користат органските производители. Не заостануваат ниту биодинамичките производители. Во последно време се поголем е бројот на оние кои се занимаваат со растително производство со користење на хербални препарати во урбаното земјоделство, главно користејќи ги во т.н. „Урбани градини“.
Зошто е корисен чајот од камилица кој се користи како препарат при третман и дезинфекција на семиња и почва?
Корисен како купка за семињата, особено за оние кои ги напаѓаат „габите и бактериите. Семето се остава во чајот десет минути и потоа се сее или суши за подоцнежна употреба.
Чајот може да се користи во разредена форма, обично еден дел чај и пет делови застоена вода или дождовница. Ваквиот препарат може да се користи во заштитен простор (пластеник, стаклена градина или топли леи) за наводнување на почвата, пред и после сеење семе за садници и за наводнување на садници со подеднакво ефективни резултати.
Тој посочува дека оваа постапка е потребно да се повторува неколку пати, најчесто полевањето се прави еднаш неделно. Третманот со чај може да се прави во таканаречените ладни леи, како и на отворено, главно во производството на зеленчук и зачински растенија. Ова е една од поевтините варијанти на дезинфекција на почвата, а воедно претставува и еколошки метод, кој не е штетен за животната средина.
Препаратите од камилица се ефикасни против најопасните болести при производството на расад
Против кои болести и штетници се ефикасни препаратите на база на цветови од камилица?
Најчесто се користат за превенција од појава на габи кои предизвикуваат таканаречено полегнување на расадот, што е најопасната болест при неговото производство. За жал, повеќето видови кои се одгледуваат преку садници го имаат овој проблем. Појавата на полегнување е најчеста причина за пропаѓање на расадот. Оваа појава е предизвикана од неколку паразитски габи кои престојуваат во почвата (Pythium debarianum, Fusarium spp, Sclerotinia spp, Phytophtora spp, Rhizoctonia solani). Во такви услови често се појавуваат и други габи како Aspergillus spp., Alternaria spp., Rhizoctonia spp и други. Габите се пренесуваат преку заразени семиња и растителни остатоци.
Заедно со глуварчето, камилицата го намалува фузариумот на доматите
Најголема ефикасност на примена е применета кај зеленчук како што се лубениците, краставиците, дињите, но и кај пиперките и доматите. На пример, во случај кај домати, заедно со глуварче, може да ја намали инциденцата на Fusarium oxysporum sp. Lycopersici .
Исто така, во органското производство се препорачува да се третираат некои препарати на база на камилица пред да се сее семето од горенаведените видови.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.