домаситеПашканат - арома која го збогатува секое јадење

Пашканат – арома која го збогатува секое јадење

Prokredit baner

Пашканат е растение со исклучително здрав белузлав корен. Многу е ароматичен, па затоа е ценет како зачин во кујната.

Пашканат е вкусно растение, но уште повеќе го ценат поради исклучително благотворното дејство на организмот. Токму поради идеалната комбинација на вкус и здравје, тој е еден од највредните градинарски култури.

Семенарна хоризонтален банер

Како изгледа пашканат?

Тоа е тврд, туберозен зеленчук, сличен на морков, само што е бел. Има назабени светло зелени листови, кои растат од 50-100 см во височина.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Состав

Енергетската вредност на 100 грама од јадливиот дел од пашканат е приближно еднаква на енергетската вредност на 100 грама млеко.

Половина шолја пашканат содржи 50 калории, 0 g масти, 0 mg холестерол, натриум, 12 g јаглени хидрати, 3 g диетални влакна, 3 g шеќер, 1 g протеини, витамин Ц, калциум и железо.

Тигар лого гиф

Пашканатот е многу богат со протеини, јаглехидрати, целулоза, натриум, цинк, манган, бакар, фолна киселина и витамини ПП, А, Б и Е. Коренот на пашканат содржи и големи количини на витамин Б3.

Одличен е за здравјето

Богат е со витамин Ц, витамини од Б-групата, железо, калиум, бакар, сулфур. Содржи алкалоид пастинацин кој помага при грчеви во стомакот.

Petel.mk
  • го подобрува варењето
  • ги зајакнува ѕидовите на крвните садови
  • природен диуретик (го стимулира уринарната екскреција)
  • има благо седативно дејство
  • го намалува крвниот притисок
  • го подобрува апетитот

Рецепт за чај од пашканат

Помага за излачување на камења и песок од бубрезите

Постапка: изрендајте го коренот од пашканатот и потопете две лажички во две шолји врела вода и оставете да отстои половина час, а потоа процедете ја смесата и веднаш испијте. Станува збор за доза која се консумира три пати на ден пред јадење и третманот трае 20 дена.

Вкус

Сите делови на ова исклучително растение имаат карактеристична, силна и пријатна, ароматична зачинета арома и сладок вкус. Мирисот и вкусот на пашканатот доаѓа од неговото ароматично масло, кое најмногу го има во самите плодови.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img