Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро советиГниење на главицата од лукот

    Гниење на главицата од лукот

    Гниење на главицата од лукот – Во посувите региони, габата Sclerotium cepivorum предизвикува бело гниење, а габата Pyrenochaeta terrestris предизвикува розово гниење на корените и базалниот дел од луковиците на лукот, кромидот и празот.

    Овие паразити се одржуваат во почвата и заразениот саден материјал, преку кој се пренесуваат. Болеста предизвикува големи штети, може да се појави во текот на сезоната на растење, но и во складирање.

    Гниење на главицата од лукот

    Заразените растенија заостануваат во растот, венеат и лесно се откорнуваат. Основата на заболените растенија е дезорганизирана, поради што тие умираат предвреме. Во случај на подоцнежна инфекција, се формира главица која целосно гние за време на складирањето, претворајќи се во влажна, кашеста маса околу која се шири непријатна миризба.

    Петгодишниот плодоред е една од основните мерки за спречување на појава на болести, како и користење на здрав саден материјал.

    Дезинфекција на садниот материјал со запрашување, метод на предозирање, регистрирани препарати, е задолжителна мерка за заштита.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img