Исплата на субвенции – Ги известуваме Тутунарите дека од денес во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени.
Информација од МЗШВ. Да се надеваме дека ќе биде вистина бидејќи не само на Тутунарите сите чекаат на субвенции, сточари, пчелари …
Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките до 17.280 тутунопроизводители.
Дополнително ги информираме земјоделците дека во следниот период се очекува реализација на исплатата на финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници, мерки кои ги донесовме за поддршка на земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд.
Следува и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведно и предадено млеко јануари-феруари 2021 и субвенциите за заклани бројлери и несикли во регистрирани кланични капацитети.
Исплата на субвенции 2022
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.