Бидејќи болката е толку честа појава, не е чудно што во народната медицина има толку многу природни лекови за болка. Во овој текст ви пренесуваме четири природни аналгетици како и начини за нивна употреба.
Четири природни аналгетици
Камилица
Најефективно растение во случај на болка е камилицата, чиј исушен цвет се претвора во прав и се меша со шеќер, одличен природен аналгетик. Оваа билка е најефикасна во случај на мигрена, главоболка и забоболка.
Помешајте една лажичка мелен, исушен цвет од камилица со лажичка шеќер и земајте 3-4 пати на ден со малку топла вода.
Арника
Медицинските препарати на база на арника се користат само надворешно, бидејќи нивното внесување во организмот може да биде штетно за здравјето. Како облога се користи за ублажување на болки во мускулите и тетивите, но и оние предизвикани од модринки и удари.
Една до две лажички арника прелијте ги со 2 дл зовриена вода, па оставете ја 40 минути и процедете. Користете како облога.
Врба
Кората од врба содржи материи кои ја ублажуваат болката, а купките на кои се додава чајот направен од ова растение помагаат во случај на ревматизам и гихт. Една лажичка кора прелијте со 2 дл ладна вода и варете додека не зоврие. Се остава да отстои 20 минути, се цеди и се користи за купки и облоги.
Кантарион
Чајот од кантарион ги ублажува болките во дигестивниот тракт и оние предизвикани од менструалните проблеми, додека маслото од кантарион се користи за масажа во случај на болни состојби предизвикани од гихт, ревматизам и исчашувања.
Една лажичка сушени билки прелијте со 2 dl зовриена вода и оставете го покриено 25 минути.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.