домаситеДомашен мелем за сите кожни проблеми

Домашен мелем за сите кожни проблеми

Prokredit baner

Ви пренесуваме рецепт за растителен домашен мелем со додаток на пчелин восок кој е универзално средство за широка примена за многу кожни болести. Пчелин восок е незаменлива состојка во секој природен крем и има исклучително влијание на кожата.

Потребни состојки за овој домашен мелем:

  • 25 гр сецкани суви цветови од невен
  • 25 гр сецкани суви цветови од ајдучка трева
  • 25 g сецкан сув корен од гавез
  • 25 гр сецкани суви листови од тегавец
  • 25 гр сецкани суви листови рузмарин
  • 5 dl маслиново масло
  • 1/4 чаша кокосово масло
  • 5 лажици изрендан пчелин восок

Подготовка:

  1. Истурете ги исецканите билки во голема стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло, измешајте и затворете. Чувајте го на сончево место четири недели. Потоа процедете низ газа.
  2. Истурете го цеденото масло во лонец и додадете го восокот. Загрејте на пареа додека состојките не се соединат.
  3. Тргнете го лонецот од шпорет, додадете го кокосовото масло и промешајте.
  4. Истурете го мелемот во стаклени тегли и чувајте ги на темно и ладно место.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Семенарна хоризонтален банер
tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img