Ви пренесуваме рецепт за растителен домашен мелем со додаток на пчелин восок кој е универзално средство за широка примена за многу кожни болести. Пчелин восок е незаменлива состојка во секој природен крем и има исклучително влијание на кожата.
Потребни состојки за овој домашен мелем:
- 25 гр сецкани суви цветови од невен
- 25 гр сецкани суви цветови од ајдучка трева
- 25 g сецкан сув корен од гавез
- 25 гр сецкани суви листови од тегавец
- 25 гр сецкани суви листови рузмарин
- 5 dl маслиново масло
- 1/4 чаша кокосово масло
- 5 лажици изрендан пчелин восок
Подготовка:
- Истурете ги исецканите билки во голема стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло, измешајте и затворете. Чувајте го на сончево место четири недели. Потоа процедете низ газа.
- Истурете го цеденото масло во лонец и додадете го восокот. Загрејте на пареа додека состојките не се соединат.
- Тргнете го лонецот од шпорет, додадете го кокосовото масло и промешајте.
- Истурете го мелемот во стаклени тегли и чувајте ги на темно и ладно место.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.