Русија не спречува извоз на жито од територијата на Украина. Подготвена е да извезе десетици милиони тони сопствено жито доколку Западот ја укине блокадата за испорака на храна. Ова го изјави на прес-конференција портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.
Таа нагласи дека Русија не спречува извоз на жито од Украина и секојдневно отвора безбедни коридори за таа активност, пренесе ТАСС.
Захарова нагласи дека Западот, доколку е загрижен за можна појава на глад во светот, „ќе престане да ги блокира резервите на храна“.
Според неа, „Вашингтон, Брисел и Лондон прават се за вештачки да ја ескалираат ситуацијата“.
Захарова напомена дека режимот во Киев, кој е одговорен за минирањето на пристаништето, е виновен и за блокирањето на извозот на жита од Украина.
Таа ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок дека изјавила дека Русија го користи гладот како оружје.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.