домаситеДомашен сок од боровинки

Домашен сок од боровинки

Prokredit baner

Сок од боровинки е еден од најздравите сокови. Се препорачува за сите оние чија крвна слика не е задоволителна, а со редовна употреба на овој домашен сок, телото ќе ви биде благодарно. Без шеќер, брзо се прави.

Состојки за сок од боровинки:

5 кг боровинки (или колку сакате и имате)

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер
Подготовка:

Добро измијте ги и исчистете ги боровинките. Погрижете се плодовите да бидат зрели за подобро да се исцедат. Потоа исцедете ги боровинките во соковник. Доколку е потребно, неколку пати процедете го сокот на густа цедалка. Истурете во стерилни шишиња и чувајте ги во фрижидер. Пијте 50-100 ml дневно за да ја подобрите крвната слика.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

За боровинките

Боровинките, заедно со другите бобинки, припаѓаат на семејството Ericaceae.Таа е мала повеќегодишна грмушка која има бобинки. Свежото и зрело овошје има виолетова боја, а понекогаш може да биде потемно, речиси црно. Плодот е покриен со восочен заштитен слој.

Petel.mk

Овие мали бобинки кријат чудесни лековити својства. Тие се одличен извор на флавоноиди, особено антоцијани, кои имаат одлични антиоксидантни и антиинфламаторни својства и ги одржуваат еластични ѕидовите на крвните садови. Антоцијанот е заслужен за темната боја на боровинките. Богати се со витамини Б2, Ц и Е. Тие исто така содржат манган и растворливи и нерастворливи влакна.

Забелешка:

Природните лекови на нашиот портал се превентивни препораки за водење здрав начин на живот. Доколку имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не треба да се потпирате на алтернативна медицина без стручно мислење.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img