Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваДомашни намирници кои помагаат во чистење на куќата

    Домашни намирници кои помагаат во чистење на куќата

    petel baner

    Чистење на куќата – Откријте како да отстраните ‘рѓа, оштетувања на дрвени површини, тврдоглави дамки од теписите и како да ја дезинфицирате тастатурата на едноставен и природен начин.

    Алкохол за дрво

    Постојаните дамки на дрвениот под, маса или шанк може да се ублажат со бришење со памук натопен во малку концентриран медицински алкохол.

    Otkup na kompiri

    Кечап за миење садови

    Одличен отстранувач на дамки од ‘рѓа на месинг и бакарни садови за готвење. Капнете малку кечап на парче памучна ткаенина и втријте го на ‘рѓосаните делови од садовите. За неколку минути садовите ќе заблескаат со старата боја, а потоа исплакнете ги само со млака вода и избришете ги.

    Оризот чисти вазни

    Измијте ги тесните вазни кои е речиси невозможно темелно да се измијат одвнатре без четка. Истурете 3/4 топла вода во нив и додадете малку неварен ориз. Покријте го горниот дел од вазната и протресете. Ова ќе ги отстрани бигорот и нечистотиите.

    Овесна каша за миење раце

    Мешавина од топла вода и овесна каша служи како одличен пилинг, но и како паста за отстранување на тврдоглавата нечистотија од рацете. Втријте ја откако ќе ги допрете црните и мрсните дамки, како и оние од мастилото. Добро исплакнете.

    Чајот го враќа сјајот на алатот

    Црниот чај го враќа сјајот на ‘рѓосаните алатки. Сварете голема количина црн чај, изладете го и истурете го во пластичен сад во кој ќе ја оставите алатката неколку часа. Откако ќе го извадите, избришете го со памучна крпа, а во текот на постапката носете ракавици за да не ви потемнат ноктите.

    agrounik

    Пченкарен скроб за дамки на тепихот

    Дамките од маснотии на тепихот може да се отстранат со пченкарен скроб со директно нанесување на дамката. Оставете го 15 до 30 минути, исчистете со четка и потоа исчистете со правосмукалка.

    Минерална вода за бигор

    Насобраниот бигор на мијалникот и околу чешмите може да се отстрани со памучна крпа натопена во минерална вода. Со неа истријте ги претходно измиените мијалници и славини, а потоа избришете ги со сува крпа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Глицеринот го отстранува восокот

    Отстранете го восокот што капнал и се насобрал на свеќникот или на дрвените површини така што со рацете ќе извадите колку што можете повеќе восок, а потоа на памук ставете малку глицерин и со него истријте ја дамката.

    Хидроген за чиста тастатура

    Натопете памукче со хидрогхен и внимателно исчистете ја тастатурата со него, а за тешко достапните делови користете натопени стапчиња за уши. Оваа постапка ќе ја исчисти и дезинфицира тастатурата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img