МЗШВ: Распишани повеќе од 7 јавни огласи – 13.785 хектари земјоделско земјиште ставено на располагање на земјоделците.
Владата и МЗШВ распишаа седум јавни огласи за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште до и над 3 хектари.
Преку овие седум јавни огласи на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства се ставаат вкупно 13.785 хектари државно земјоделско земјиште. Распоредени се низ целата територија на државата. Намената на огласите е обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна.
„Одговорно ги подготвуваме и креираме сите мерки за поддршка на земјоделците со цел стабилно и зголемено домашно производство. Не оставаме ниту една педа необработено земјоделско земјиште. Ова е само една од целите во донесениот Национален план за производство на храна во април годинава. Ги повикуваме земјоделците да ги следат јавните повици на МЗШВ и максимално да ја искористат секоја мерка која е ставена на располагање.
“Земјоделците активно да бидат вклучени во креирањето на земјоделските политики и мерки”
За обработка на житни култури преку јавен оглас на располагање беа ставени 5.722 хектари државно земјоделско земјиште над 3 хектари распоредено во 14 региони низ државата. Овој оглас кај земјоделците предизвика до сега рекорден интерес и веќе се потпишани 258 договори за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари.
На 30 јуни заврши рокот за аплицирање и на четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари распоредено во 31 регион низ државата со намена за подигнување на долгогодишни насади. Вкупната површина земјоделско земјиште која преку овие четири огласи се стави на располагање за земјоделците е 4.294 хектари.
Во тек се нови два јавни огласи, чиј рок истекува до 21 јули, за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Вкупната површина која со овие два јавни огласи се става на располагање изнесува 3.769 хектари.
Линкови од активните огласи:
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688
„Како министерство правиме се за да обезбедиме доволно храна за сите. Оваа криза, со која се соочуваме, полесно можеме да ја поминеме само доколку сме обединети и доколку одговорно се однесуваме. Токму затоа МЗШВ целиот овој период инсистира и вложува напори целото домашно производство да заврши пред сѐ во домашните преработувачки и откупни центри“, информираат од МЗШВ.
Текстот во целост е превземен од страната на МЗШВ.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.