Ловор – Само малкумина знаат дека неговите листови освен што се користат во кујната, можат да бидат многу корисни и за нашето здравје.
Листовите се користат за подготовка на одлично лековито масло кое има многу корисни својства за нашето здравје и можете да го подготвите дома.
За што е корисен лист од ловор:
- Го смирува нервниот систем
- Го зајакнува имунолошкиот систем
- Го намалува и стимулира процесот на потење
- Ја подобрува менталната активност воопшто
- Многу е корисен при болни зглобови и помага кај проширени вени
Состојки за рецептот:
- 30 грама ловорови листови
- 250 мл маслиново масло
Инструкции за подготовка на масло од ловор:
Исечкајте ги ловоровите листови и прелијте ги со маслиново масло. Смесата ставете ја во стаклено шише, затворете ја и ставете ја на темно место две недели.
Протресете од време на време. По 14 дена, процедете ја течноста преку газа и префрлете ја во друг сад.
Како да го користите:
Пред употреба, загрејте и нанесете на болните места и масирајте.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.