Европската комисија одобри употреба на генетски модифицирана ГМ пченка за храна и добиточна храна. Како што е објаснето, одобрението ќе важи 10 години. Не се однесува на одгледување на генетски модифицирана пченка во Европската унија, туку само на нејзина употреба.
Како што понатаму уверуваат од Брисел, пченката поминала низ строги процедури за одобрување. На овој начин се обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните. Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) даде позитивна научна оценка. Заклучи дека оваа ГМ пченка е безбедна како и нејзините конвенционални видови. Одобрението важи десет години. Сите производи произведени од оваа ГМ пченка подлежат на строги правила за етикетирање и следливост на ЕУ, објаснуваат тие. Да потсетиме дека во ноември 2013 година, Европската комисија ги поддржа плановите за одгледување генетски модифицирана пченка, и покрај противењето на групите за заштита на животната средина.
Членките на ЕУ имаат силно спротивставени позиции во однос на одгледувањето на генетски модифицирани организми (ГМО), па дури и сега, по гласањето во Постојаниот комитет за растенија, животни, храна и добиточна храна (SCOPAFF) и последователниот Комитет за жалби, земјите-членки не успеаја да постигнат квалификувано мнозинство за или против одобрување.
Претходно веќе е одобрено користење на ГМ соја
Европската комисија во 2020 година одобрила употреба на нова сорта на генетски модифицирана соја за исхрана на луѓе и животни. Оваа вест, се чини, помина без многу коментари во јавноста и во сенка на новиот бран на ширење на корона пандемијата во земјите од Европа.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.